Ципрас бара доверба, опозициските партии избори

На првиот ден од расправата за гласање доверба на Владата, грчкиот премиер Алексис Ципрас од пратениците побара сите да застанат пред нивната совест, но и пред интересот на земјата и народот, и слободно да дадат јасен одговор: дали имаат доверба во Владата или не.

Грчкиот премиер направи ретроспектива на сето она со кое што се соочила неговата Влада во изминатите години, што направила, но и што треба да направи во иднина. Говореше за излез на земјата од кризата, од меморандумската политика и мерките на штедење, ја спомена и мигрантската криза, но и Договорот од Преспа, за кој истакна дека со промената на власта во Скопје и поразот на Груевски се создала голема можност како за Грција, така и за соседната земја, но и за регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

-Голема можност да се реши едно историско, политичко и дипломатско нерешено прашање од многу децении. Мојата совест и мојата патриотска должност ми наметнаа да ја искористам оваа историска можност, знаејќи дека ова ќе има политичка цена. Од прв момент заедно со тогашниот Министер за надворешни работи, Никос Коѕијас  со нашите души и ум му се посветивме на големиот обид за решавање на оваа разлика за името на соседната земја, што претставуваше и претставува доколку не се реши, голема тежина во дипломатијата и надворешната политика на земјата, но и голем трн за стабилноста на регионот, рече Ципрас, кој истакна дека не се согласува со ставот на лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, и рече дека греши.

Наместо од собраниската говорница, Каменос, кој не се обрати пред пратениците, на Алекис Ципрас му одговори преку неговиот официјален Твитер профил.

-Грешка на премиерот е поддржувањето на веќе мртвиот Договор од Преспа, напиша лидерот на Независни Грци, Панос Каменос на Твитер, веднаш по говорот на Алексис Ципрас во грчкиот Парламент.

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, Кирјакос Мицотакис го повтори неговиот став дека давањето глас за доверба значи „да“ за Договорот од Преспа, „што претставува голема национална отстапка“.

Во однос на Договорот од Преспа, Мицотакис уште еднаш го обвини Ципрас, дека отстапил македонски идентитет и македонски јазик.

Лидерите на сите опозициски партии, во нивните обраќања рекоа дека не ја поддржуваат владата, ќе гласаат против обновувањето на доверба и истакнаа дека единствено решение за земјата во овој момент се избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *