Писмена реакција во врска со оставката и нападите на Панос Каменос

Почитувани,

Оставката на коалициониот партнер на Грчкиот Премиер, Панос Каменос, е силен показател дека предавничката Влада на Република Македонија, попусто го пеплоса националниот идентитет и достоинство.

Заев, Димитров и Шекеринска мора да и одговараат на Македонската јавност кој и каква одговорност ќе понесе ако Договорот Заев-Ципрас не помине во Грчкиот Парламент. Грција е осудена од Хашкиот Суд за противправното вето во Букурешт и непочитување на Времената Спогодба. Немакедонската Влада со своето предавство ја остави Татковината во милост и немилост на Грчките националисти и радикали!

Силата на веќе бившиот Грчки министер за одбрана, Панос Каменос, произлегува од поддршката од страна на Грчкиот народ, што јасно ја исцртува состојбата во која се наоѓа нивната политика денес.

Капитулантскиот Договор Заев-Ципрас кој во Македонија се исполни со изнуди, измами и со закани и моќ, ќе биде ѓаволски тешко да биде усвоен во Грчкото собрание. Едно е сигурно официјална Атина, без разлика кој е кај нив ба власт, никогаш нема да го признаат постоењето на нашиот национален Македонски идентитет. За нив ние не постоиме!

ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО ЛАЖЕТЕ НАРОДОТ!

Наместо да се додворуваме на странците кои заедно со државниот врв ветуваат експресно членство во ЕУ и НАТО Алијансата, лажни и нереални ветувања, треба да се насочиме кон зачувување на се она што е Македонско!

БОРБАТА ПРОТИВ ОВИЕ ПРЕДАВНИЦИ КОИ ЈА ДРЖАТ ДРЖАВАТА ВО ЗАЛОЖНИШТВО ШТОТУКУ ПОЧНА!

Македонски народе, браќа и сестри,

Ајде да се обединиме и да не дозволиме манипулации и злоупотреби од страна на оние кои би требало да ја спроведуваат волјата на Македонската нација! Ајде да докажеме дека со светото Македонско име никој не смее да се поигрува, да покажеме дека сме единствени во нашата борба!

Никогаш северна, секогаш Македонија!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски 

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА       

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *