Каменос преку Твитер го отстрани и Кокалис од пратеничката група на Независни Грци

По министерката за туризам, Елена Кундура и заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис е отстранет од пратеничката група на Независни Грци.

Исто како и за Кундура, така и за Кокалис, лидерот на партијата, Панос Каменос реагираше преку неговиот официјален Твитер профил, јави дописничката на МИА од Атина.

-Василис Кокалис иако се наоѓа во фаза на преговори од Кина за неговиот глас за националното прашање доволна е неговата намера за замена на позицијата за да биде отстранет од пратеничката група на Независни Грци, напиша Каменос на Твитер.

Заменик министерот за земјоделство претходно, како што веќе објави МИА преку писмена изјава за медиумите, од Кина, каде што е дел од владината делегација, рече дека ќе ја поддржи Владата на Алексис Ципрас.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *