На седницата на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе се разговара и за барањето до Бугарската православна црква да и биде мајка – црква на Македонската православна црква, како актуелна тема во моментов.
Ова денеска го изјави портпаролот на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, г. Тимотеј, кој изрази надеж дека ќе се постигне едномислие.
Тој посочи дека на седницата се решаваат тековни работи и дека таа ќе продолжи во 13 часот.
– Седницата е прекината поради присуството на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на обраќањето на претседателот на Република Македонија во Собранието, а јас ќе го искористат овој временски период да присуствувам на седницата на наставно-научниот совет на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, додаде г. Тимотеј.