Заговори против Александар Македонски и убиството на Калистен

 

По неограничените противобвиненија на Клит, Александар Македонски мораше првпат да се соочи со психолошките ефекти на својата политика спрема Македонците. Но, тоа не придонесе да ги измени своите погледи. Тој никогаш не прифаќаше отстапки, ниту пак компромис.Средствата и начините што го водеа кон неговите цели за него беа определени и непроменливи.

Тој веќе мораше да согледа од кога и да е појасно дека не може да се искачи на стрмиот пат кон светскиот суверенитет без конфликти со своите етнички Македонци и уште повеќе тој мораше да чувствува дека е битно да се потпре и врз Персијанците и врз другите Иранци. Наспроти големото каење на Александар Македонски, тоа упатува да се подвлечат причините за судирот; катастрофата на Клит имаше спротивен ефект:

Александар Македонски потврдоглаво се приклони кон политиката што Македонците не ја оправдуваа и уште подлабоко нурна во идејата за асимилација меѓу победниците и победените. Идејата за спојување на нациите, што веројатно му била сугерирана многу порано, се разви во неговата глава и неколку месеци по тоа, во пролетта 327 година, првпат излезе на видело со женидбата со Роксана.

Како последица на тоа, веднаш по враќањето од Бактра тој проба да го воведе персискиот обичај – метанија пред кралот и кај античките Македонци и кај античките Грци. Од стари времиња беше ориенталска практика потчинетите на кралот да го поздравуваат со метании. Веројатно тоа не подразбираше признавање на кралот како Бог; тоа беше знак на единствена најцелосна завист од неограничениот владател.

Овој облик на метании што го воведе Кирус, основачот на империјата се однесуваше за Персијците, како и за другите негови потчинети, но секогаш беше сметан од античките Грци, веднаш штом дојдоа во контакт со тоа, како нешто невообичаено и наполно ориенталско. Слободниот антички Грк можеше да се понижи пред својот Бог, но никогаш пред човек, па затоа овој обичај можеше грешно да се протолкува, како што се случи кај Аесшил, дека Персијците ги боготворат своите кралеви како богови во текот на животот.

Александар Македонски, бездруго, знаеше од оние што му се умилкуваа дека Персијците ги сметаа метаниите едноставно како израз на длабоко почитување спрема својот господар. Но бидејќи Александар беше поблиску до античката грчка концепција, знаеше дека е опасно да се воведе овој обичај кај своите потчинети, меѓу античките Македонци и античките Грци, обичај што Персијците го сметаа како нешто секојдневно и вообичаено.

Мора решително  да се отфрли гледиштето дека тој мислеше индиректно да ги присили да го признаваат како Бог, бидејќи подоцна бараше такво почитување само од античките Грци, а не и од античките Македонци. Неговата намера беше со помош на овој дворски церемонијал повеќе да ја изрази еднаквата позиција на Персијците со античките Македонци и со античките Грци. Тоа беше чекор назад во однос на се’ што пред тоа направи во оваа насока.

Можеби немаше да се зафати со ова, ако на дворот немаше непосредни лица кои беа готови да се зафатат со оваа работа и поради тоа да поминат со него низ судни маки. Веројатно неговиот близок пријател, Хефестион, беше режисерот. Колку беа свесни за опасноста од опитот е покажано од едно блиско предупредување.

Беше договорено на една гозба кралот да пие од пехар со своите пријатели. Секој требаше да испие пехар со пијалак, да се поклони пред кралот и потоа да се бакнат пријателски.

Тоа беше персиски обичај. На почетокот сите постапија според планот. Но, кога му дојде редот на Калистен, кој беше изненаден од сугестијата да го примени обичајот и да направи метанија, тој го избегна тоа. Александар Македонски беше свртен кон Хефестион, а кога неговото внимание беше свртено кон пропустот, тој одби да го бакне Калистена, кој потоа дрско му рече: “Еве, си одам посиромав за еден бакнеж”.

Tака, вечерта заврши со овој непријатен инцидент. Меѓутоа, она што на крајот го поттикна Александар Македонски да се откаже од намерата не беше толку одбивањето на Калистен, туку тоа што тој сметаше дека неговите стари антички Македонци тврдоглаво ќе го одбијат ваквиот обичај. Не е потврдено дека Александар Македонски во наредните години го применувал обичајот од метании.

Веројатно тој увидел дека беше пребрз во својот обид и не се срамеше да се откаже од намерата. Оваа ориенталска церемонија на запад се употребуваше многу години. Но, не од Диоклецијан кога беше воведена заедно со други дворски обичаи.

Најизненадувачко е тоа, што  на Александар му се спротивстави Калистен, тој кој во својата книга беше безграничен со глорификацијата на кралот и кој најмногу го подржуваше неговото божествено право како син на Бога. Ниту имаше промена спрема Големиот крал како панелинистички херој, но тоа веќе ги разниша односите со Александар Македонски.

По убиството на Клит, тој беше еден од оние што сакаа да му угодат на расеаниот монарх. Неговото спротивставување на традицијата правење метании во чест на кралот не претставуваше протест против Александар Македонски, како што му се припишуваше, туку во тоа гледаше варварски и смешен начин на оддавање почит, со што слободните антички Грци беа доведени на варварско ниво, а што тој го презираше.Неговата тесна врска со Александар Македонски беше непоправливо разнишана, а кралот го мразеше, бидејќи сега го сметаа како водач на опозицијата.

Наскоро потоа беше откриен нов заговор што го беа сковале кралските пажеви. Овој пат причината за заговорот не беше од политички карактер, туку чисто лична. Се случи поради повредената суета на младиот Хермолај кого Алексанар Македонски го укори пред другите пажеви, бидејќи на заедничкиот лов убил дива свиња пред него. Заговорот беше притаен во споредба со првиот, но беше поопасен, бидејќи пажевите чекаа кралот да го убијат ноќе на спиење.

Ако Александар Македонски не останеше цела ноќ на гозбата, како што му беше речено од сирискиот пророк, ќе беше мртов. Заговорот беше откриен наредниот ден. Пажевите, како синови на антички македонски дворјани беа изведени пред Воениот суд и откога ја признаа вината, беа осудени на смрт и убиени со каменување.

Калистен беше тутор на многумина и се наоѓаше во добри односи со нив. Затоа беше очигледно дека тој знаеше за заговорот или пак ги поттикнал на тоа. Александар Македонски го затвори и побара да го испитаат. Бидејќи Калистен беше антички Грк, немаше проблем да му суди македонската војска. Александар Македонски прво мислеше да го изпрати на суд пред Федералниот совет во Коринт.

Оваа информација заслужува внимание, бидејќи таа повторно покажува дека Александар Македонски се’ уште се сметаше дека е антички грчки хегемон на Елинистичката лига. Меѓутоа, подоцна ја напушти оваа идеја, го зеде Калистена со себе како затвореник, го осуди и лично ја изврши казната во Индија.

 

Калистен во затвор.

Тоа, несомнено, покажа дека Александар Македонски веруваше во неговата вина, бидејќи Птоломеј и Аристобул го поддржуваа фактот дека Калистен беше поттикнувач на заговорот.

Меѓутоа, неговата вина не беше судски докажана и затоа тешко е да се прифати. Со пресудата на Калистен, Александар Македонски се компромитира во античкиот грчки свет, кој очекуваше оваа егзекуција да се изврши по законски пат. Возбудувањето во Перипатетичкото училиште беше особено големо, бидејќи го сметаше Калистен за свој приврзаник.

Теофраст ја искажа својата болка за трагичниот крај на својот пријател во расправата “Калистен” или “На тагување”, во која потврдува дека Алексдандар Македонски не сфатил дали  има право или не да ја користи својата среќа.

Перипатетичарите на овој начин започнаа да го сметаат Александра Македонски како тиранин затруен од својата сила и заслепен од својата среќа, сфаќање, што уште повеќе се разви кај идните историчари.

Од друга страна, пак, привремено беше прекинат односот меѓу Александар Македонски и Аристотел, кој како вујко и учител на Калистен, веројатно многу влијаел врз него. Но, подоцна повторно продолжија да си пишуваат и разменуваат мисли.

Од доследниот третман на катастрофите што се случија во Источен Иран, почнувајќи од судењето на Филота до пресудата на Калистен, како што беа изнесени начелата што ги поврзуваа, лесно може да произлезе премногу мрачна слика за односот на Александар Македонски со својата војска.

Ако некој ги следи војничките дејства од 330 до 327 година, кои завршија со исклучиво тешко задушување на националниот отпор на Источен Иран, ќе види дека Александар Македонски сепак успеа да ја задржи во свои раце војската, офицерите и другите.

Во нападот, или битката тој беше постојано ист; тој беше крал на античката македонска нација; со војската го делеше големиот замор, гладот и жедтта во таа герилска војна. Освен тоа, има анегдоти од тие години кои веројатно не можат да се земат како историски, но, очигледно со описно коректни импресии, а тие покажуваат каква хуманост изразувал Александар Македонски кон својот народ со лично жртвување. Тоа тој го правеше за војската што го следеше со ентузијазам.

Продолжува

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *