Честитика по повод големиот христијански празник, раѓањето Христово – Божиќ

 

Почитувани,

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски упатува честитка до Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и до сите христијани по повод големиот празник, раѓањето Христово – Божиќ:
“Со големо задоволство и чест Вам лично и на членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници на Македонската Православна Црква во Република Македонија и надвор од неа, им го честитам големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ, и Ви посакувам во добро здравје, радост и среќа да ги поминете празничните денови.
На овој голем ден, славејќи го раѓањето на нашиот спасител да се потсетиме на неговото учење за правдата, вистината, значењето и вредноста на човечкиот живот и да дозволиме срцата да ни се исполнат со љубов, мир и благодарност.
Да се потрудиме овие вредности да ги негуваме постојано во секојдневниот живот и низ целото наше општество бидејќи само преку разбирање и сочуство можеме да ги научиме идните генерации да ги негуваат вистинските вредности.
Нека е честит празникот и за многу години.
Христос се роди!”

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *