Законските измени донесоа драконски казни и нови одредби кои се спротивни на интересите на граѓаните и спротивни на интересите на пазарџиите кои со години чесно го заработуваат парчето леб. Со новите законски измени сите оние пензионери чии пензии се недоволни за да преживеат, луѓе кои најчесто се директни жртви на криминалната транзиција која ја спроведе СДСМ сега нема да смеат да работат на тезгите од кои егзистираат со години.
Пазарџиите нема да смеат да продаваат ниту облека на пазарите нешто што е децениска традиција за македонските пазари. Се прашувате зошто? Одговорот е едноставен, сигурно се работи за лични интереси на одреден круг на луѓе околу Заев или пак негов личен за заземање на простор и во овој бизнис сектор.
Црнилата се насекаде, црнилата се во законските измени на штета на граѓаните, зголемените даноци, маките на пазарџиите и сите анти-реформи кои ги спроведува власта изминативе две години власт. Црнилата на СДСМ тежат на плеќите на обичниот човек, тежат и го влечат надоле заедно со цела држава. Македонскиот граѓанин е спремен да ја отстрани тежината на црнилата, спремен да и каже доста е на одродена и криминална власт предводена од аболицираниот Заев на следните избори. Македонскиот граѓанин е зората!
Great mix of humor and insight! For more, click here: READ MORE. Let’s discuss!