Мајлинда Брегу од денеска нов шеф на Регионалниот совет за соработка

Мајлинда Брегу од денеска ја презеде должноста Генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), извршно тело на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија.

„Жан Моне беше непоколеблив во своето уверување дека европските народи мораат да се обединат за да можат да опстојат. Истото важи и за Западен Балкан. За да можеме да го одржиме тежиштето во светот кое брзо се менува, треба да ги искористиме нашите односи. Соработката е суштината на се“, подвлекува Брегу во својата писмена изјава по повод стапувањето на должноста прв човек на РСС.

Брегу на оваа функција дојде откако на 23 април 2018 година ја именуваа министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот, на самитот во Словенија.

Таа е искусна политичарка од Албанија, поранешна министерка за евроинтеграции, која силно ја поддржува Европската унија.

Брегу функцијата ја презема од Горан Свилановиќ, кој беше на чело на Регионалниот совет за соработка од 2013 до 2018 година, во два непрекинати мандати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *