Аксел Ахмедовски – министер без ресор за имплементација на Стратегијата за Ромите

Аксел Ахмедовски (1964) основно и средно образование завршил во Делчево. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје,  а во Делчево  ја почнал правната кариера.

Основач и претседател е на невладината организација КХАМ од Делчево. Има лиценца за адвокат.

Од 1994 до 2002 бил член на СДСМ, од 2008 до 2012 генерален секретар на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), а од 2013 потпретседател на оваа партија.

Бил подготвувач или консултант за доставување иницијативи против дискриминација и за правна заштита, како и на проекти за бесплатна правна помош.

Од 2013 до 2017 како правен консултант и застапник на невладината КХАМ се подготвени и доставени 21 тужба до РМ-МВР поради нееднаков третман, дискриминација и недозволен излез на Ромите низ македонските граници, од кои шест се правосилни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *