Министерката Дескоска се сретна со заменик-директорот АОПЗ, Хоџиќ

Измени и дополнувања на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Македонија, била тема на разговор на денешниот состанок меѓу министерката за правда Рената Дескоска и заменик-директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) Џелал Хоџиќ.

На состанокот станало збор и за активностите на АОПЗ, посебно на оние што се дел од соработката со ОБСЕ и ЕУ, а се важни за планираните измени на законот по кој работи Агенцијата.

Хоџиќ, како што информираат од АОПЗ, информирал за новиот проект „Зајакнување на демократијата преку промоција и унапредување на правата на заеднициите“, што е поддржан од ЕУ, а Агенцијата почна да го реализира во ноември оваа година и е предвидено да трае до јуни 2020 година.

Министерката Дескоска на средбата искажала поддршката на измените и дополнувањата на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците, како и подготвеноста да се поддржи АОПЗ во следните активности. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *