Интерпелација за работата на министерот Оливер Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Собранието на Република Македонија најавија дека ќе поднесат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата „За подобра Македонија“.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес-конференција, рече дека во изминатиот период министерот Спасовски покажал дека функцијата министер за внатрешни работи ја извршува крајно несовесно, нестручно, селективно и по насока на врвот на неговата политичка партија, а спротивно на Уставот и законите во Република Македонија.

– Граѓаните секојдненво се сведоци на скандали и афери поврзани со работата на МВР. Наместо да се гржи за јавниот ред и мир и да ја гарантира безбедноста на граѓаните, главна задача на министерството стана прикривањето на убиства и криминал. МВР наместо да се бори со криминалот и корупцијата, стана институција која служи за собирање изнуда, поткуп и заштита на криминалот. Откако Спасовски започна да раководи со министерството граѓаните секојдневно се жртви на грабежи, обиди за убиства, убиства, рекетирања и насилства кои минуваат неказнето, изјави Мицевски.

Дека МВР не си ја врши работата, Мицевски се повика и на истражувањето на Евробарометар објавено на 12-ти септември, според кое доверба во полицијата имаат само 34 проценти од граѓаните, како и извештајот за перцепција за корупцијата на „Транспаренси“ каде Македонија бележи катастрофален пад од 17 места, од 90 на 107 место.

– Ова е резултатот од катастрофалното раководење на министерот Спасовски со една од најважните институци во Република Македонија. За ваквата ситуација Оливер Спасовски мора да понесе одговорот. Со цел да ги заштитме граѓаните, но и да спречиме состојбата во МВР да се влоши ја поднесуваме оваа интерпелација за работата на министерот Оливер Спасовски, изјави Мицевски.