Стопанската комора на северозападна Македонија и Стопанската комора за туризам на РМ ќе ја унапредуваат соработката. За таа цел денеска претставници на двете комори ќе потпишат меморандум за соработка.
Од коморите најавуваат соработка за развој и подобрување на бизнисот во повеќе области, за поддршка на организациските способности при спроведување програми од заеднички интерес и аплицирање за меѓународни проекти.