Штип одбележа 94 години од раѓањето на Ацо Шопов

Штипските институции од областа на културата денеска со повеќе активности ја одбележаа 94–годишнината од раѓањето на поетот, академик и револуционер Ацо Шопов.

Пред спомен-бистата на Ацо Шопов, која се наоѓа пред Центарот на култура кој го носи неговото име, делегации на Општина Штип, на Советот на општината и на Општинската организација на Сојузот на борци на Македонија-Штип положија свежо цвеќе. За ликот и делото на Шопов зборуваше Кирил Панајотов, советник за култура во Општина Штип.

Во спомен собата на Ацо Шопов, која се наоѓа во Центарот на култура млади поети читаа песни од богатиот творечки опус на револуционерот, поет и академик.

На академскиот скулптор Васил Василев му беше врачено признание за неговиот придонес кон зачувување на ликот и делото на Шопов, која ја има изработено  на скулптура која е поставена во Домот на клтура „Ацо Шопов“. Признанието му го врачи Никола Ристов, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“.

Во Домот на млади во Штип се одржа поетско читање на кое настапија поголем број млади литерати, а на поетите коишто ги имаа најдобрите состави им беа врачени соодветни награди, а попладнево во Библиотеката „Гоце Делчев“ имаше и поетско попладне со роднокрајните поети во чест на Шопов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *