ПЕЦЕ ГО “ОДЛОЖИ” РАЗРЕШУВАЊЕТО

Пеце Наумоски, претседателот на КФМ, не ги испочитува делегатите на Собранието и повикувајќи се на некакво дискреционо право на претседателот, не дозволи да се гласа за негова доверба. Имено, според член 44. од статутот на КФМ, делегатите имаат право на дополнување на дневниот ред. Тие сакаа како точка да биде вметната онаа за доверба на Наумоски, но по три часовна расправа, седницата беше прекината.

Од седница се замина на доделување на наградите на најдобрите кошаркари во Македонија за изминатава сезона, со намера по завршување на свеченоста, да се продолжи со седница на Собранието. Но, наместо да се врати на седница, Наумоски си замина велејќи дека делегатите можат да соберат потписи од 2/3 од нив и да свикаат вонредно собрание на кое ќе биде точката гласање доверба.

Се се одложува за малку време, бидејќи очигледно е дека до смена на Наумоски ќе дојде. Кој ќе го наследи засега е неизвесно, но факт е дека во игра се “тешкаши” од типот на Владо Илиевски, Даниел Димевски и уште неколку други чии имиња засега се држат во тајност.