Конференција за медиумската писменост во образованието

Во Скопје денеска ќе се одржи завршна конференција насловена „Медиумската писменост во образованието – предуслов за учество на младите во општествените и политичките процеси во Македонија“.
На конференцијата ќе се презентираат наодите од истражувањето што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ги реализираше во соработка со Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука. Истражувањето ја анализира состојбата во основното образование во однос на присутноста на медиумската писменост во наставата, резултатите од фокусните групи со наставниците, а претставена е и компаративната анализа на образовниот систем во Словенија и медиумско описменување на учениците.
Најавено е присуство на истражувачи и професори од Хелсинки, Единбург и Лондон кои ќе ги пренесат моделите на медиумско образование во своите држави, а ќе се дискутира и за медиумската и информациската писменост низ перспективите на УНЕСКО.

Со конференцијата завршува тригодишниот проект „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“ што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализираше во соработка со дневниот весник „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон. Проектот го финансира Европската Унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *