Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) му честита и го поздравува изборот на колегата Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ и му посакува успешно раководење со организацијата. ССНМ го поздравува и им го честита и изборот и на сите други колешки и колеги во управните и надзорните тела на ЗНМ, како и во Советот на честа и е сигурен дека со нив ЗНМ добива нов квалитет.
ССНМ сака да потсети дека не само блиското минато, покажува дека новинарската фела и медиумската заедница, своите најголеми успеси во смисла на остварување на слободата на говорот и слободното дејствување на медиумите во својата јавно корисна работа, ги постигнувале само кога се сплотени во борбата за заедничките вредности, кои се воедно и универзални вредности и дел од основните човекови права и слободи.
Во таа насока ССНМ е сигурен дека како и досега, ЗНМ ќе води политика на успешно сплотување на новинарите и на медиумската заедница и дека ќе имаме успешна соработка во заштита на новинарите и во одбрана на слободата на говорот.
ССНМ му изразува благодарност и на досегашниот претседател Насер Селмани за успешната соработка во борбата за заедничките вредности и му посакува натамошен успех на професионален и на личен план.