Изградба на бројни значајни храмови посветени на античкото време

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Интелектуалниот живот на дворот на Александар Македонски, што е насликан како многу аниматорски, беше наполно антички грчки. Онолку колку што се знае, тој не се запозна со литературите на ориенталските народи. Ова веројатно не може да се .објасни едноставно со непознавањето на јазиците, бидејќи тоа можело да се надмине со помош на преведувачи.

Литературите на Египет, на Вавилон, на Персија и на Индија очигледно останаа непознати за него. Изгледа тој имаше извесен интерес за индиските гимнософисти, и на негова покана Индиецот Галан беше гостин во неговиот двор неколку години, се’ до неговото саможртвување. Меѓутоа, ништо не се слушна за некоја подлабока интелектуална врска.

Ако Александар поднесеше жртва на ориенталските богови, тоа значеше дека постапил како да е антички Грк. Меѓутоа, достојно е за почит што, иако поради политички причини, го натера Персиецот Магијан да врши верски обред заедно со антички грчки пророци на прославата за помирување кај Опис, тој никогаш не побара да се запознае со свети книги од персиската религија. Во вистинската смисла на зборот.

Антички Грчка уметност остана за него вистинска уметност. Во Египет Александар нареди да се уништат доградбите до храмовите на Амон во Карнак и во Луксор, а во Вавилон нареди повторно да се изгради храмот на Мардук. Овие потези беа направени од политички причини.

2

Градба во Ефес

Во двата случаја зградите беа изградени во домашен стил. Од неодамнешните испитувања е заклучено дека деталите на овие свети места во Карнак и во Луксор имаа античко влијание. He e потврдено дека ориенталски уметници работеле за Александар, туку сите уметнички дела ги правеле антички Грци. Најмногу сакаше неговите портрети да му ги прават Апеле и Лисип, кои се сведоци за неговото разбирање на уметноста од тоа време.

Архитектите беа исто така антички Грци, a само во некои згради можеше да се сретне мал дел ориенталска уметност која подоцна имаше тенденција на пораст. Директно влијание на гигантските вавилонски зигурати е присутно во дизајнот за мавзолејот на Хефестион во Вавилон, па дури и во надворешниот изглед.

Шаторот за публиката во Суса исто така беше земен како модел од Персија. Шесте храмови што според неговите последни меморандуми ги планираше во Античка Грција и Античка Македонија, кај Делос, Делфи и Додона, а и во Дион, Амфипол и Кирхус. никогаш не беа изградени. Тие требаше да бидат колосални згради, со чист антички надворешен изглед, за огромна сума од 1.500 таланти за секој од нив.

Co иста толкава цена на чинење требаше да се изгради големиот храм во Атина кај Илиум. Исто така, потврдено е дека Александар Македонски имаше намера да изгради споменик за својот татко Филип Македонски со големини како Кеопсовата пирамида, очигледен доказ со голема почит сакаше да се поврзе кон својот татко на земјата. Но, во сево ова, исто така, се гледа јасен доказ за соперништвото со Исток.

Ако е така, барем во архитектурата, источничкото влијание е огромно. Од друга страна, Александар Македонски се појавува како претставник на чистиот антички елинизам во својот култ кон натпреварувачките игри и кон нивното воведување во Ориентот. Тој сакаше да организира гимнастички и музички натпреварувања, кога по победите своите единици сакаше да ги освежи и да им го сврти вниманието, а и да ја изрази својата благодарност кон боговите.

Натпреварувањето со награда за евентуалната победа беше посебен елемент на античката култура, а тоа беше сосем непознато на Исток. Така, кога Александар Македонски организира вакви игри по положувањето жртва на Апис кај Мемфис, на тој начин мислеше да прогласи дека оттогаш античката култура треба да се воведе во Египет паралелно со египетската.

На Исток, особено во Блиска Азија, каде што многу лесно можеа да се најдат потребните антички изведувачи, тој инсистираше вакви игри да се организираат со посебна големина по враќањето од Индија, a co тоа потврди дека сака да ја прошири античката грчка култура кај ориенталскиот свет.

566

Музејот Дурабл

Меѓутоа, ништо немаше посилно влијание за античка елинизација на Исток (доколку некој би зборувал за нешто од тој вид, отколку Александровото формирање на градови, особено оние новите што беа организирани како полиси – заедници, односно како антички грчки градови, а кои ги имаше во голем број според првиот модел – Александрија Македонски во Египет, и тоа пред се’ во Источен Иран и во Индија.

Колонистите што беа населени во овие градови беа, главно, антички грчки наемници, од кои повеќе илјади беа оставени во местата во заднината со помал број антички Македонци, веројатно ветерани. Бидејќи овие наемници во поголема мера потекнуваа од бездомниците кои го напуштиле своето место, а чии населби во Мала Азија Исократ ги препорача на Филип, некој може да смета дека Александар Македонски формираше градови за да ги реши големите социјални и економски проблеми.

Често во практиката, доколку немаше доволно време, по наредба на Александар Македонски, се градеа само градските ѕидини од страна на војската, a внатрешниот дел на градот беше оставен да го градат колонистите. Овие градови добиваа античко уредување: совет, народно собрание и градска судска управа. Наспроти ова, тие веројатно немаа целосна автономија, туку беа потчинети директно под кралот.

Поради очигледните практични причини, Александар Македонски секогаш ги формираше своите градови на местата на веќе постојните населени места. Така, Александрија во Египет, на пример, беше блиску до населбата Ракотис, а старите жители продолжуваа да живеат во новиот град. Домашното население, меѓутоа, не припаѓаше кон градското тело на новата полис-заедница.

456

Библиотеката во Александрија

Само античките Грци и античките Македонци добиваа државјанство. Co тоа започна да постојат антички заедници, каде што владееше античкиот закон, античка богослужба и преовладуваа античките навики на живеење, во директен контакт со старите населби. Во почетокот колонистите се држеа настрана од домашното население, во текот на времето доаѓаше до постапно приближување, а потоа следеше мешање меѓу нив.

Бидејќи немаше антички Гркинки, античките Грци и античките Македонци земаа Ориенталки. Затоа неизбежно беше преку нив да навлезат ориенталските обичаи и погледи на животот во античките семејства. Од друга страна, пак, спојувањето овозможи да навлезат елементи од античката култура кај домашното население.

Во времето на формирањето на градовите во Источен Иран, Александар Македонски веќе имаше идеја за зближување на Иранците со античките Македонци и античките Грци, а наскоро потоа беше преокупиран со фузијата на овие народи. Затоа постепеното мешање на културите во населбите не можеше да се одвива со онаа брзина со која тој очекуваше.

Дали тој беше неверен кон својата оригинална намера за ширење на античката култура на Исток? Лично, и покрај сите политички отстапки што ги направи кон Иранците, како што се виде, тој остана докрај целосен вљубеник во античката култура, а тоа морало да биде уште и негова амбиција за да направи колку што е можно повеќе да преовладува античката грчка култура.

Но, веднаш штом сфати како политичар дека не може да ја управува Азискоатичката империја само со античките Македонци, во активните контакти со ориенталските култури мора да му било јасно дека не ќе може античката грчка култура да биде доминантна. Затоа, прво беше нужно да се изградат центри од каде што ќе се шири античката грчката култура, а тоа го постигна со изградбата на градовите.

Иако мешањето на културите се очекуваше да се случи подоцна, сепак во своите ставови за античката грчка култура Александар Македонски мора да имал желба и убедување дека тоа ќе биде водечкиот фактор. Најголемото прашање за иднината, всушност, беше која од двете култури повеќе ќе се докаже. Многу векови ова беше главниот проблем на историјата на цивилизацијата. Првиот услов беше исполнет со изградбата на градовите од страна на Александар Македонски.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *