Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за култура, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за уставни прашања и за европски прашања.

Комисијата за култура ќе одржи две седници. На првата, министерот за култура и претседателот на Комисијата за управување со Охридскиот регион ќе имаат презентација за нивната работа и активности околу управувањето со Охридскиот регион и состојбите со природното и културното наследство, а на втората, членовите ќе ги разгледаат Предлог – измените на Законот за заштита на културното наследство, во прво читање.

На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се расправа за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, во прво читање поднесен од пратеничките Маја Морачанин, Лилјана Поповска, Никица Корубин, Ирена Стефоска, Ивана Туфегџиќ, Милева Ѓоргиева, Шпреса Хадри, Мирсада Емини Асани и Снежана Калеска Ванчева.

Членовите на Комисијата за економски прашања, пак, ќе ги разгледуват Предлог финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија за 2019 година, како и Предлог одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија за 2019 година.

На дневен ред на седницата на Комисијата за европски прашања се Предлог- законот за фитофармација и Предлог-измените на Законот за заштита на културното наследство, двата во прво читање