Димитров во Париз на средби со француски пратеници

Министерот за надворешни работи на Република Македонија ја продолжува работната посета на Париз, јавува дописникот на МИА од Франција.

Во рамките на посетата, шефот на македонската дипломатија ќе има обраќање во Фондација „Роберт Шуман“ на тема „Европската перспектива на Македонија по Договорот со Грција”.

Во текот на денот се предвидени и средби со пратеници во францускиот Парламент, како и со Мариел де Сарнез, претседателка на Комисијата за надворешни работи.

Министерот Димитров, вчера заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учестваше на Состанокот на високо ниво на француско-германската иницијатива за „Борба против недозволена  трговија со лесно оружје во земјите од Западен Балкан“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *