Почина Алексо Атанасоски, таткото на Јосив, Џорџ и Виолета

Во Саботата, на 8 ми Декември, 2018-тагодина, во Флорида, САД почина Алексо Атанасоски, таткото на познатите и признати македонски исленици, Јосив, Ѓорѓија-Џорџ и Виолета.
Алексо Атанасоски беше роден во  селото Марул, Прилепско, 1929-та година, од каде преселбите за САД се интензивирале по Втората светска војна и траат сè до денес. Од семејството Атанасоски, најпрвин заминал Јосиф, потоа Ѓеорѓија-Џорџ Атанасоски, а подоцна и нивните родители, татко им Алексо, мајка им Спасија и нивната сестра Виолета.
Алексо Атанасоски беше православен Македонец кој се приспособи на животните и работни услови во новата средина, во Соединетите Американски Држави, затоа, покрај своето семејство стана познат во македонското иселеништво, особено меѓу Македонците на Флорида.
Алексо попримил многу манири од своите предци од Марул. Како млад домаќин, освен што бил еден од најдобрите во земјоделието и сточарството, секогаш бил со добра волја, весел и расположен за шеги, другар како што секој би посакал, а во работата вистински професионалец. И како пензионер во Флорида ги зачувал тие манири, со што остави вечни траги кај неговото поколение Атанасоски.
Алексо замина кај својата сопруга Спасија, која била убава мома од Добрушево, питома и вредна домаќинка и мајка, со афинитет за раскажување и слушање со внимание. Таа била столбот на семејството Атанасоски, која влијаела врз воспитанието на децата, Јосив, Ѓорѓија – Џорџ и Виолета и нивните семејства.
Веста за смртта на Алексо на социјалните мрежи ја објави неговиот син Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски.
Бог да го прости Алексa, таткото на семејството Атанасоски и да му подари царство небесно.

Славе КАТИН