Писмена реакција за интервјуто на Н.Коsијас на ТВ Антена

НАЈДЕ КОЈ ДА ЗБОРУВА ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА! КОSИЈАС БЕЗ СРАМ ДРЖИ ЛЕКЦИИ! ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ГРЧКОТО ЛИЦЕМЕРИЕ! ТИЕ ШТО СЕ ОСУДЕНИ ОД ХАШКИОТ СУД ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА СЕГА ПОВТОРНО СЕ ПРАВАТ НАУДРЕНИ!

Јавно ги прашуваме Македонските пратеници дали не се чувствуваат понижено кога архитектот на Договорот Заев – Ципрас, поранешниот шеф на Грчката дипломатија Коsијас бескрупулозно изјавува дека ако бил се уште на функцијата ќе го потегнел за уши Заев? Нели имате срам кога го слушате портпаролот на немакедонската Влада како се извинува за изјавата на Заев дека Македонците во Грција ќе учеле на мајчиниот јазик? Го слушате ли Ахмети кој со уцени го натера Заев да ја лажира историјата и да го вметне Охридскиот Рамковен Договор во Преамбулата, како пред ЕУ Амбасадорот Жбогар, лицемерно изразува загриженост за опструкции во Уставните измени? Нели гледате дека кој стигне ги гази Македонските национални интереси? Нели Ви проработува Македонштината и не Ви доаѓа кажете ДОСТА Е!

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ВО ЗАБЛУДА И ОПАСНО ГО ПОТЦЕНУВА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ОВИЕ ТЕШКИ ГРЕВОВИ ШТО ГИ ПРАВИ СЕ ОБИДУВА ДА ГИ ОПРАВДА СО ЛАЖНА НАДЕЖ ДЕКА ПРЕДАВСТВОТО ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ЕКСПРЕСНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ И НАТО! СЕ ПРАВАТ СЛЕПИ НА СИГНАЛИТЕ КОИ ГИ ИСПРАЌА ГРЦИЈА! ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА НЕМААТ НИКАКВИ ГАРАНЦИИ ДЕКА АТИНА НЕМА ПОВТОРНО ДА ИЗБЕГА ОД ОБВРСКИТЕ!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е ПОГОЛЕМ ОД ОНИЕ КОИ ЗА ПРИВИЛЕГИИ И ГОЛА ВЛАСТ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ПРОДАДАТ СЕ ШТО Е СВЕТО И ИСКОНСКО! ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА ЌЕ ДОЈДЕ ПО СВОЕТО! РАЗГОЛЕНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ МОЖАТ ДА ГЛАСААТ ШТО САКААТ! ТОА НЕМА НИКАКВА ВАЖНОСТ! ЕДИНСТВЕН СУВЕРЕН ВЛАДЕТЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *