Паричен надоместок за секое новородено дете во општина Демир Хисар

Градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски и Советот на општината донесоа одлука со која во текот на 2018 година на секое семејство кое има новороденче ќе му се доделува паричен надоместок.

Од секторот за односи со јавност на општина Демир Хисар информираат дека ќе се доделуваат по 5.000 денари за првородено дете во семејство, по 5.500 денари за второродено дете во семејство и по 6.000 денари за третородено и секое наредно дете во семејство.

– Право на наведениот паричен надомест ќе имаат само семејствата кои живеат на територијата на општина Демир Хисар и се жители на општина Демир Хисар. За начинот за доделување и доставување на потребната документација ќе се донесе Правилник за услови, критериуми и начинот на остварување на правото на паричен надоместок за новородено дете. Одлуката ја донесовме бидејќи е составен дел на нашата програма и ќе почне да се реализира од 1 јануари, информираа од тамошната локална самоуправа.