Приштина: Форум за јакнење на безбедносната соработка меѓу Македонија и Косово

Првиот косовско-македонски безбедносен форум на тема „Зајакнување на безбедноста преку соработка помеѓу Косово и Македонија”, ќе се одржи денеска и утре во Приштина, во организација на косовскиот Универзитет ААБ, Факултетот за безбедност од Македонија и и Фондацијата „Конрад Аденауер“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На отворањето на форумот, кој ќе се одржи во просториите на Универзитетот ААБ во Приштина, ќе се обрати националниот координатор на Република Македонија за членство во НАТО Стево Пендаровски, како и заменикот министер за внатрешни работи на РМ Агим Нухиу и неговиот косовски колега, заменикот министер за внатрешни работи Бурим Рамадани. Покрај нив, обраќања ќе имаат и и претставници на Фондацијата „Конрад Аденуаер“, на Факултетот за безбедност-Скопје и ААБ Универзитетот како и претставници од академската заедница и безбедносните институции на Република Македонија и Република Косово.

Во рамките на форумот, продеканот за наука и развој на Факултетот за безбедност – Скопје Марјан Ѓуровски ќе ја промовира заедничката публикација „Студија на случај за регионалната безбедноста соработка меѓу двете земји“, која ќе биде издадена на македонски, албански и англиски јазик.

Теми на кои ќе се расправа на форумот се: „Реформите во безбедносниот сектор“, „Заканите од тероризмот и странските борци“ и „Безбедносна дилема: промени на границите за создавање на етнички ‘чисти’ држави или управување со малцинските права“.

За потребите на Форумот се спроведени истражувања кои ќе бидат презентирани на истиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *