Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво – Дел 3-ти : Царев Двор во Преспа, родното место на Митрополитот Кирил

 

Царев Двор е стара македонска населба со сите нишани на древноста и вистината на Македонија и е место на иднината на Преспа. Тоа е царско место на Цар Самоил. Тоа е преубаво и големо преспанско село, распослано во рамничарската питомина близу до синото Преспанско езеро. Царев Двор е една преспанска оаза вгнездена меѓу вишно високиот планински венец – Пелистер и Галичица, во кое е роден Никола Поповски, митрополитот г. Кирил.

Царев Двор е едно од најголемите и најубавите населби во Преспа. Тоа е распослано во рамничарската питомина на Преспанското Поле, близу до синото Преспанското Езеро, во најубавиот дел на Преспа. Царев Двор е тесно поврзано со Дрмени со новоизградените куќи покрај патот и заедно прават најголема населба во Преспа после Ресен Тоа се наоѓа на околу пет километри од Ресен и е раскрсница на патот од Макази кон Отешево. Тоа е стара мешана етничка населба, со претежно македонско населени и турско малцинство.

Царев Двор е големо и убаво уредено преспанско село од збиен (собран) тип, со околу 450 куќи, обновени или новоизградени. Во минаторо, тоа била развиена трговска населба, за што зборуваат седумте влезно – излезни патишта, како и постоењето на црквичката Меркурија (според нивно кажување светец на трговијата). Денес Царев Двор се проширува на сите страни и прилега на градска населба која претставува значаен дел на Преспа и Македонија.

Царев Двор е царско место на Цар Самоил. Тоа е стара македонска населба со сите нишани на древноста и вистината на Македонија. Тоа е место на иднината на Преспа. Тоа е мести во кое постојат две цркви и една џамија. Црквата Св. Никола што е лоцирана на влезот во населбата по патот од Ресен била изградена во 1875 година.

Во неа живеел и работел познатиот македонски борец од Втората светска војна, Јосиф Јосифовски – Свештарот. Црквата таканаречена Долна Црква, пак, е на патот за селото Езерени, која е стара и била обновена во 1920 година. Џамијата, пак, се наоѓа во центарот на селото и била изградена во Отоманскиот период, а е обновена во 1974 година.

Царевдворци својата егзистенција во минатото ја обезбедувале преку поледелството и сточарството. Најмногу биле застапени житните и градинарските култури, а некогаш се садело и македонското злато – тутунот. Од 1960 година, пак, преовладува овоштарството, кое е најразвиено во Преспа, а најмногу хектари се под јаболкови насади и други овоштарски култури.

Образовните процеси во Царев Двор почнале во годините на Илинденското востание, кога е изградено и старото училиште. Новата училишна зграда датира од учебната 1964/65 година. Пред Втората светска војна имало триесетина жители со завршено средно, а денес со завршено вишо или високо образование има преку стотина жители, меѓу кои, има магистри и доктори на науки како и познати и признати граѓани на Македониај и светот.

Меѓу другите, од Царев Двор потекнуваат: Цветко Узунов – Абас (1916 – 1994), револуционер, генерал, член на Президиумот и на Првото заседание на АСНОМ, а Цветко Узунов, заедно со Вангел Темовски и Алексо Стефковски биле учесници во Граѓанската војна во Шпанија; Живко Стефановски, првоборец.

Исто така, Царев Двор е родното место на митрополитот Кирил, единствениот потписник на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и владиката кој ги стави темелите на најголемиот број македонски цркви во дијаспората, потоа на проф. д-р Христо Поповски; познатиот новинар Панде Поповски, Гога Прцуловски, Гоце Андоновски, Васил Василевски и многу други.

Затоа со право се вели дека Царев Двор е револуционерно село во Преспа. Во НОБ животите ги дале Живко Андоновски и Мите Прцуловски Денес во селото постои спомен – биста на народниот херој Јосиф Јосифовски – Свештарот.

Исто така, од Царев Двор има голем број иселеници ширум светот, кои се дел од националното и црковното живеење на Македонците во дијаспората. Меѓу нив треба да се споменат: Димче и Пара Ставревски, Јонче и Вера Филиповски, Блаже и Кицо Принцевски, Блаже и Кита Поповски, Владе Царевски, Гоце Поповски и многу други во САД, Канада, Австралија и Европската Унија.

carev dvor

Панорама на Царев Двор

Кога се пишува за македонските православни цркви во пекуокеанските земји, Австралика, Канада и САД и за македонците во дијаспората треба да се подвлече улогата и придонесот на митрополитот Кирил (Никола Поповски) роден царевдворчанец. Тој остави значајни траги во формирањето на македонските православни духовни, национални и културно–просветни центри во прекуокеанските земји.

Притоа, организираното живеење на Македонците од сите делови на поделена Македонија го одредија својот пат кон Сонцето и кон иднината на слободна Македонија. Целиот свој живот Митрополитот Кирил ќе го посвети на духовно-црковното и националното обединување на македонскиот народ во семјата и во дијаспората.

Неговото високопреосвештенство, митрополитот полошко-кумановски господин Кирил (Никола Поповски) е роден на 23 јули 1934 година во Царев Двор, а почина на 10 јуни 2013 година и е погребан во црквата Св. Ѓорѓи во Дељадровце, Скопско. Основно образование завршил во своето родно место-Царев Двор со одличен успех, а Богословија во Призрен.

Потекнува од благородното христијанско, православно семејство Поповски од Царев Двор, кое ова презиме го добило затоа што со векови било посветено на Бога и на Црквата Христова. Неговите предци повеќе од 300 години наназад на Црквата на македонскиот народ ќе и’ посветат 32-јца свои луѓе во свештенички чин. Еден од нив е познатиот репортер на Македонското радио, Панде Поповски, кој беше ракоположен во свештеник.

Во 1971 година, кога во МПЦ ќе биде востановена Полошко-кумановската епархија, митрополитот г. Кирил ќе биде одбран за нејзин прв администратор со сите права и надлежности кои произлегуваат од Уставот на МПЦ. Неговото архипастирствување со оваа епархија ќе биде крунисано со изградбата на манастирскиот комплекс посветен на Свети Наум Охридски Чудотворец. Ова македонско православно светилиште се вишнее на 2.000 метри надморска височина и тоа на вакавското место Попова Шапка.
crkvaЦрквата „Св. Никола“ во Царев Двор

Под неговото мудро архипастирско раководење, во двете епархии се изградени, реновирани и преуредени преку стотина храмови на МПЦ. Меѓутоа, духовно-црковните и националните постигнувања, особено на планот на обединувањето на Македонците во целиот свет, односно од сите делови на Македонија, имаат непроценливо значење.

Митрополотот Кирил, Никола Поповски, од мал, како четврто дете, меѓу осумте рожби на неговите родители Милица и Бојан Поповски од Царев Двор, токму покрај топлото родно огниште ќе се соочи со типично македонско благородно извориште на православната вера и на оригинално македонољубие, чија света традиција ќе му го осмисли животот.

Инаку, на 10 август 1969 година во катедралниот храм “Свети Климент Охридски Чудотворец” во Торонто, со величествени свечености, ќе биде извршено неговото востоличување во епископскиот Светиклиментов трон на Американско- канадско-австралиската македонска православна епархија. Чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Методиј.

Во 1971 година, кога во МПЦ ќе биде востановена Полошко-кумановската епархија, митрополитот г. Кирил ќе биде одбран за нејзин прв администратор со сите права и надлежности кои произлегуваат од Уставот на МПЦ. Неговото архипастирствување со оваа епархија ќе биде крунисано со изградбата на манастирскиот комплекс посветен на Свети Наум Охридски Чудотворец. Ова македонско православно светилиште се вишнее на 2.000 метри надморска височина и тоа на вакавското место Попова Шапка.

Под неговото мудро архипастирско раководење, во двете епархии се изградени, реновирани и преуредени преку стотина храмови на МПЦ. Меѓутоа, духовно-црковните и националните постигнувања, особено на планот на обединувањето на Македонците во целиот свет, односно од сите делови на Македонија, имаат непроценливо значење.

Од 1996 година станува претседател на Хуманитарната организација “Милосрдие” при МПЦ, која има обезбедено храна, лекови, медицински помагала, разни апарати и друго во вредност од десетина милиони евра.

Помошта се распределува на најбедните, гладните, изнемоштените, на здравствени домови, на селски и други помали амбуланти и асоцијации во Република Македонија,  во Преспа, на кои им е најпотребна. Во “Милосрдие” најголемиот хуманитарен дострел го достигна во војната во Република Македонија 2001-2002 година, кога помошта за загрозеното население значеше да се опстои во живот.

На митрополитот му се доделени бројни награди и признанија, меѓу кои: Златна плакета од Матицата на иселениците од Македонија, како и Орден заслуги за народ со сребрени зраци (25 мај 1984 година со Указ број 43 на тогашното Претседателство на СФРЈ, за неговите извонредни активности меѓу македонското иселеништво). Доби и Благодарница од еден од најстарите македонски фолклорни ансамбли “Гоце Делчев” од Скопје, потоа највисоките признанија од општините: Кратово, Крива Паланка, Куманово и други.

Голем е бројот на специјалните плакети добиени од Македонската православна епархија за САД, Канада и Австралија, односно од македонските православни црковни општини во прекуокеанските земји, кои му беа врачувани на најголемите свечености по разни поводи, јубилејни одбележувања, како и при крупни остварувања во македонските црковни општини ширум светот.

Како најстар архијереј по хиротонија и архипастир со 40-годишно искуство и со значаен историски изминат пат во поновата историја на нашата света Црква, тој достојно беше респектиран од македонскиот народ и Македонската православна црква како голем борец и поборник за запазување на честа, достоинството и автокефалниот статус на нашата света Црква. Тоа особено се потврдувало на просторите од Полошко-кумановската епархија, која митрополитот г. Кирил ја возглавувал како нејзин надлежен архијереј.

carДел од центарот на Царев Двор

Продолжи да го носи Светиот крст врз своите патриотски плеќи и гордо и достоинстврно ја изодуваше македонската голгота, исполнувајќи секој свој чекор со молитви кон Бога за спасение на родната и мила Македонија, на благородниот македонски народ и на нашата Светиклиментова Македонска православна црква.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *