Наплата на данок на имот во Делчево и Берово околу 78 проценти

Наплатата на даноците на имот од физичките и правните лица за 2017 година во Делчево и Берово е околу 78 проценти.
Анка Христова од Одделението за финансии при Општина Делчево истакна дека Општина Делчево за 2017 година планирала на име данок на имот од физички лица и правни лица да инкасира околу 9 милиони денари.
– Од вкупно планираните 5,7 милиони денари данок на имот од физички  до сега се наплатени 4,5 милиони или 79%. Данокот на имот од правни лица е планиран во износ од 3, 5 мил наплатени се 2,7 мил или 77% што укажува на намалена наплата на данокот за овој период. Очекуваме до крајот на годинава процентот да се зголеми и се надеваме дека како физичките така и правните лица ќе ги исполнат своите обврски, бидејќи е неопходно ние сите како граѓани да ги плаќаме утврдените давачки, да бидеме одговорни за да не бидеме приморани да ја користиме последната непопуларна мерка за наплата на данокот со блокирање на сметките на обврзниците со што би се оптовариле со непотребни дополнителни трошоци, потенцираше Христова.
И градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски апелираше до граѓаните и правните лица навремено да си ги подмират обврските кон општината.
– За 2017 година данокот на имот з афизички лица изнесува, 2,899 милиони денари, а за правни лица 725 илјади денари. Вкупниот прибран приход по данок на имот изнесува 74,8 проценти од кои само по основ на данок на имот од физички лица изнесува 82,5 проценти, односно за правни лица 65 проценти, општина Берово во 2017 година издаде вкупно 4369 решенија за данок на имот, а 2.110 опомени за неплатен данок за днаочните обрзници кои не го измириле долгот заклучно со 31 декември 2016 година, а доставени се 137 решенија за присилна наплата, рече Пекевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *