Средба на Мицкоски со Мекалистер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателот на комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и потпретседател на Европската народна Партија Дejвид Мекалистер. На средбата стана збор за актуелната политичка состојба, процесите врзани со стратешките цели на Република Македонија членството во Европската Унија и НАТО организациите.

Мицкоски објасни дека Република Македонија се соочува со деликатна политичка состојба и со еден период на црно владеење каде доминираат неправдите и политичкиот прогон.

Воедно посочи дека се случуваат скандали на дневно ниво каде до израз доаѓа неподготвеноста на владата за реформи и менаџирање на политичките процеси. Мицкоски истакна дека таквата непосветеност на власта, државата ја турка кон економското и политичко фијаско, слабеејќи го стандардот на граѓаните.

Тој на средбата истакна дека врвен интерес за ВМРО-ДПМНЕ е напредокот на европските интеграции но и дека владата има недоволен учинок на тој план што е резултат на нејзината неспособност. Во таа насока ВМРО-ДПМНЕ е подготвена квалитативно да ги помогне реформските процеси кои би гарантирале напредок но пред се тоа зависи од волјата и способноста на владата да биде носител на тие процеси.

Во однос на уставните измени Мицкоски посоци дека ВМРО-ДПМНЕ останува против и ќе ја следи волјата на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *