Александар Македонски како крал на Персиската империја и светски владетел

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КАКО КРАЛ НА ПЕРСИСКАТА ИМПЕРИЈА И СВЕТСКИ ВЛАДАТЕЛ

Пополнувањето на празнините со азискоатички сили беше апсолутен императив од војнички апсект. Овде, како и на административните места, избираше Иранци, особено Персијци, a no освојувањето на Источен Иран и жители од тој дел. Од семитските народи избираше морепловци за во флотата од Феникијци и Сиријци, но не ги поставуваше во копнената војска. Се гледа како во различните реорганизации овие Иранци ги доведе поблиску до својата војска. Дури и во последната иновација во Вавилон (323), кога всушност ги определи Персијците во единици од по десет војници, командата остана во македонски раце.

Александар Македонски, меѓутоа, не го запре влегувањето на Иранците во администрацијата и во војската, што ќе биде признато како политичко право и барање на времето и условите, туку отиде понатаму од тоа со идејата за расно спојување на своите антички Македонци со овие Иранци, ндеја што се повеќе доминираше кај него, како што видовме во последните негови години.

Тој лично покажа со пример кога се ожени со Роксана (327), a подоцна со масовните женидби во Суса (324), ги изрази многу јасно своите политички намери. Очигледно, ова спојување го сметаше како крајно средство. Неговата цел беше да изгради мост меѓу Македонците кои беа повеќе незадоволни со военото вклопување на Персијците, а тие исти Персијци да го обноват единството и договорот меѓу двата народа, па така рака под рака да бидат доволна гаранција против можните непријателски реакции на другнте нации во империјата.

Така сфатена, политиката на спојување можеше да се смета како државничка идеја. Меѓутоа, зачудува мислата за расно спојување поттикнувано од власта. Но, сомнително е дали ваквото спојување, како што сакаше Александар, беше воопшто изводливо и дали ќе ги постигнеше ефектите на кои тој се надеваше.

Поимот за светски суверенитет што тој го потенцираше многу посилно во последните години, мора многу да придонел за раѓањето на ваквата мисла во неговата глава. Само светски владетел, пред кого народите ја губат сопствената национална важност, способен е да ја сфати ваквата шема. Во меморандумите за последните планови на Александар Македонски е потврдено дека тој имал намера да изврши трансфер на азискоатичкиот народ во Европа и обратно, со цел со помош на мешани бракови да направи хармонија меѓу двата континента.

am60-2
Александар Македонски во Персија

Оскудниот цитат остава премногу отворени прашања за какви и да е заклучоци во врска со неговите мисли за оваа работа. Во секој случај информацијата ниту не’ принудува ниту пак не’ оправдува во мислењето дека спојувањето било планирано со некоја друга раса освен со Иранците.

Во „молитвата кај Опис”, Александар Македонски многу јасно ја изрази концепцијата што ја имаше за својата монархија над Азија и за својата политика на помирување, a на големата прослава за обединување им се помоли на боговите за да владее хармонија и партнерство кај античките Македонци и кај Персијците. Бидејќи само античките Македонци не беа доволни да владеат со Азија, претходно доминантните Персијци, кои веќе под Ахеменидите имаа привилегирана положба пред другите нации на светската империја, требаше да бидат повикани да раководат заедно со нив.

Азискоатичката империја на Александар Македонски, а само на тоа може да се однесуваат неговите зборови, стана Македонско-персиска империја. Во овој идеал, кој требаше да биде извршен во слога, изгледа тој ја виде најголемата гаранција за сигурноста и постојаноста на својата Азискоатичка империја и на својата цивилизирана политика.

am60-3
Персиски облеки

Својата желба да биде крал на Азија во форма на владетел на Македонско-персиска империја, Александар Македонски ја изрази со својата облека. Приказите во врска со неговата кралска облека, каква што беше онаа по смртта на Дарие, се многу контрадикторни, бидејќи само тој усвои разновидна употреба, а, особено во почетокот, се облекуваше различно, според тоа дали требаше да се појави пред античките Македонци и античките Грци или пред Персијците.

Но изгледа една работа беше потврдена: Александар никогаш целосно не ја присвои носијата на персискиот крал. Сите се согласуваат дека тој никогаш не носел персиски панталони што античките Грци ги сметаа за посебно варварски и глупави. Ниту пак некогаш носеше шапка како круна, иако тоа е предмет на расправа.

Опишаната носија што ја носеше секој ден беше мешана – македонска и персиска. Носеше античко македонски пурпурен мантил, како што носеа македонските благородници, а специјалната македонска тркалезна рамна капа му ја покриваше главата. Од Персија ја зеде пурпурната облека со бел појас ставен на средината, круна, панделка, што персискиот крал ја врзуваше околу својата круна, а Александар околу својата капа.

Изгледа е веројатно дека неговата намера беше да го носи ова или слично накитување само во Азија, како крал на Азија, а во случај да се вратеше во Античка Македонија или во Античка Елада тој секако би се појавил во македонска облека, како што беше случајот со кралскиот печат на Македонија што го удираше на документите што ги испраќаше.

Иако идејата за да ја делат власта во Азија античките Македонци и Персијците му се вртеше во главата, азискоатичкиот апсолутизам тој го изврши само спрема азискоатичкиот народ, а не спрема античките Македонци и војската што го придружуваше во Азија. Нив тој ги сметаше за државјани на своето кралство на Античка Македонија.

Додека Бес беше казнет според персискиот закон, Филота и другите антички Македонци осомничени за големо предавство беа донесени пред собранието на македонската војска, а никогаш не се слушна дека ова собрание ги загубило своите стари права во Азија. Потврдено е дека кога Александар Македонски пресудувал за античките Македонци или за античките Грци, тоа го правел на многу едноставен начин во обичниот дом за судење, но од друга страна, кога се работело за ориенталците, судењето се вршело во величествен шатор со публика и на златен трон, како Големиот крал, и со раскошно прикажување на војничкиот сјај.

Се смета дека дури и како крал на Азија го зачувал другарскиот однос со античките македонски офицери, потоа македонскиот чин и колоната на маршот, а во битките тој секогаш бил стариот војнички крал. На веселбата на смирувањето во Опис, иако таму прокламираше обична власт на античките Македонци над Персијците, сепак античките Македонци имаа поголема чест кај Александар отколку Персијците.

Наспроти ангажирањето на Персијци во администрацијата и во војската, командата, како што видовме, беше резервирана за античките Македонци. Тие требаше да имаат место пред Персијците во ова заедничко владеење.

Наспроти тоа, античките Македонци беа незадоволни што Иранците беа ставени со нив во војската, а особено што нивниот крал делумно ја прифати персиската облека, а и многу детали на церемонијалот од персискиот дворец. Овие работи се’ повеќе се наведуваа како камен на препинање, кога античките Македонци зазедоа непријателски став, како што беше катастрофата на Клит и бунтот во Опис.

Античките Македонци се чувствуваа дека се победници и гледаа со презир на поразените ориенталци, на кои сакаа да им бидат господари. Голема трагедија во животот на Александар Македонски беше токму тоа што не можеше да ги убеди своите антички Македонци за потребата од својата иранска политика – надвор од идејата за спојување на расите што може да се смета како потреба – со што се прошири јазот помеѓу него и народот.

Античките Македонци дури еднаш се соочија со непријатниот факт што Александар во своите напори ги присили на персиските метании, ги доведе на исто рамниште со Персијците. Доколку како Персијци тие требаше да му прават метании, тоа го правеше нивниот неограничен монарх.

am60-4
Вид персиски облеки

Co овој експеримент Александар Македонски го напушти различното третирање на античките Македонци и азискоатичкиот народ, а бараше да воведе еднаквост во личното држење меѓу двете нации, каде што персискиот, а не македонскиот начин на однесување би бил примарен. Се виде, под влијание на пасивниот отпор на неговите антички Македонци, Александар Македонски се откажа од тие напори и никогаш не им се наврати.

Овде се навраќаме на прашањето споменато погоре, дали огромното предимство на моќта со која Александар се здоби во Азија, влијаеше врз неговиот однос кон античките Македонци и античките Грци. Настојувањето да воведе правење метании претставува прв пример. Тоа се однесуваше само за античките Македонци и античките Грци кои беа со него во Азија, што е разбирливо само по себе. Иновацијата требаше да се задржи само во новиот азискоатички двор, но затоа тешко можеше да се најде сличен пример во неговото македонско кралство.

Меѓутоа, во неговите односи со Коринтската лига има спротивни индикации. Извесни примери на запоставување на правата што ги имаше Лигата треба да се анализираат во неѓовите млади години, како што беше случајот со осудувањето на киотските предавници во Египет. Уште попроклето беше осудувањето и егзекуцијата на Калистен, што беше извршено пред кралот, иако Калистен како антички Грк требаше да биде доведен пред Федералниот совет, што Александар Македонски прво сакаше да го направи.

Имаше уште помаркантен пример на мешање во 324 година, кога Александар Македонски го издаде декретот за прогонетите. Тука тој целосно го скокна Федералниот совет и со својот авторитет им упати одлуки на државите на Лигата, кои се однесуваа на нивните интереси. Може да се признае дека неговата позиција како хегемон беше во согласност со неговиот азискоатички апсолутизам.

am60-5
Александар како обединувач на нациите

Ако се тргне од политичкиот став на Александар Македонски кон организацијата на неговото азискоатичко кралство, ќе се дојде до вистината дека, во позицијата на генерал, а исто така и во администрацијата, тој не беше оптоварен со каков и да е еднообразен однос. Зависно од различните територијални околности, тој избираше многу различни форми на владеење, а и според промените на своите идеи применуваше нови експерименти, и не се колебаше да се откаже од она што во практиката не ќе беше во ред.

Ова особено се однесува на административните форми на намесништвата, кои уште од почетокот заедно со името ги презеде од Ахеменидите како основа за организацијата на власта. Во првите години, во западните делови на империјата, канцелариските работи на владеење им ги препушти на античките Македонци. Во случајот на првото намесништво, како она на Лесер од Фригија, целата власт им ја даде на претходните персиски намесници. Но во случајот на другите, како оној од Лидија, воведе значајна иновација што ја усвои подоцна и во другите делови на империјата.

Бидејќи на овој намесник не му даде доверба на воена и цивилна моќ, тој направи засебна администрација за финансиите и за таксите што му ја довери на посебен офицер кој не беше потчинет на намесникот. Ова беше многу значајно ограничување на моќта на намесникот. Освен тоа, постави засебен командант на утврдениот град во Сард, онака како што направи подоцна во градовите Пелусиум, Мемфис, Вавилон, Суса и Персепол. Командантите на овие кралски градови директно му беа одговорни на Александар.

Продолжува

katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

SHARE