СДСМ: Секојдневно се преземаат мерки за загадувањето што 11 години биле игнорирани од ВМРО-ДПМНЕ

Долгогодишниот и сложен проблем со аерозагадувањето се решава системски и суштински со целосна ангажираност на Владата предводена од СДСМ, Министерството за животна средина, општините, Град Скопје и сите останати надлежни институции.

По 11 години игнорирање на проблемот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, денес, преку Програмата за намалување на аерозагадувањето, секојдневно се преземаат мерки за справување со проблемот со загадувањето на воздухот низ цела Македонија.

Општина Гази Баба е првата општина којашто доби Ажуриран катастар на загадувачи, алатка што ги лоцира причините за загдување и најголемите загадувачи во општината. Оваа алатка преку базата на податоци ќе и помогне на општината и на надлежните институции за навремено и ефикасно да се справуваат со загадувањето и заштитата на животната средина.

Во рамки на Планот за чист воздух, започнати се подготовки за промена на начинот на затоплување на две основни училишта во општина Ѓорче Петров, кадешто место нафта, ќе се користи еколошки извор за затоплување, а наскоро ваква замена ќе се спроведе и во останати основни училишта, здравствени установи, градинки и студентски домови.

На 800 семејства во Скопје, 150 во Битола, 150 во Тетово, ќе им се доделат инвертори, за да ги заменат старите нееколошки печки на дрва и да се греат еколошки. Планот опфаќа и враќање на 10 илјади граѓани на мрежата на централното парно греење, на 10 илјади семејства – индивидуални објекти да им се промени енергетската ефикасност, како и дополнителни 3 илјади објекти, коишто ќе бидат дел од гасната инфраструктура.

Ова се само дел од мерките што секојдневно се преземаат за да се реши долгогодишниот проблем со загадувањето на воздухот.

Преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови.

Проблемот е сложен и долгогодишен и затоа неговото решавање е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *