Шекеринска од Кабул: Да станеме свесни за жртвата што македонските мировници ја даваат за државата и нејзините стратешки цели

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која вчера и денеска беше во посета на македонскиот конгингент во рамки на НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во базите во Кабул на заминувањето порача дека голема е жрвата и придонесот, кои македонските мировниците го даваат за својата државата и нејзините стратешки цели.

-Заминуваме од Кабул уште посвесни за огромната жрвта и за придонесот, кој нашите мировници го даваат за својата држава и за нејзините стратешки цели. Додека бевме во базата во Кабул вчера се случи навистина страшен напад во кој настрадале сигуно над 50 луѓе, цивили. Ова покажува колку е тука тенка линијата меѓу мир и војна, меѓу сигурност и несигурност,  порача Шекеринска.

Таа, како што јави известувачот на МИА од Кабул, додаде дека тоа само покажува дека и нашите мировници, како и сите припадници на оваа мисија секојдневно живеат во извонредно ризична средина и секојдневно го ставаат својот живот на ризик.

Министерката напомена дека обврска на Собранието и на Владата е да им обезбедат на мировницитее се што им е потребно за непречно да ги извршуваат своите задачи.

-Денеска им посакавме во име на цела Маедонија здравје, успех и среќни и задоволни да се се вратат кај семејствата. Тие многу вложуваат со своето учество во мировните мисии. Очекуваме дека тоа ќе се врати во смисла на поголема стабилност на државата, но и во смисла на нашето членство во НАТО, истакна Шекеринска.

Шекеринска Кабул

Додека македонската делегација во чиј состав освен министерката Шекеринска, беа и пратениците пратениците Фросина Ташевска Ременски, Трајчо Димков и Реџаиљ Исмаили престојуваше во базата на аеродомот во Кабул, вчера во главниот авганистански град се случи самоубиствен напад во кој загинаа 55 лица, а над 70 се повредени. Нападот беше насочен врз религиозна церемонија на која учествуваа стотици авганистански улеми (теолози).

Шекеринска, која е прв министер за одбрана, што ги посетил македонските мировници во Авганистан во изминатите пет години, вчера на аеродромот и во Командата за обука, советување и асистенција – Главен град, беше пречекана од командатот на македонскиот контингент, полковник Кенан Рахиќ, од македонските припадници во КОСА-ГГ и од припадниците на КОСА-Север, кои од Мазар-е-Шариф дојдоа во Кабул за посетата на министерката.

Македонскиот контингент во „Одлучна поддршка“ брои вкупно 49 припадници на АРМ – 12 офицери и еден подофицер, од кои четири припаднички на АРМ во КОСА-ГГ, деветмината офицери во КОСА- Север и 27 припадници во Централната команда во Кабул, каде има тројца офицери и 24 припадници на армијата во рамки на Единицата за заштита на силите.

Шекеринска Кабул

Шекеринска за време на престојот во Кабул се сретна со командантот на „Одлучна поддршка“, американскиот генерал Остин Милер, со командатот на КОСА-ГГ, турскиот бригаден генерал Јашар Дилбер и со командантот на аеродромот, бригадниот генерал Хусеин Канбур.

Имаше средба и со високиот цивилен претставник на Алијансата за Авганистан, Корнелуис Зимерман, кој по состанокот со министерката истакна дека земјава не само воено, туку и политички е мошне важна за мисијата на НАТО во Авганистан, бидејќи секоја членка е дополнителна вредност.

-Посакувам вашата земја наскоро да ги преземе сите потребни чекори и мошне брзо да се приклучи кон Алијансата, како нејзина 30. Членка, рече тој по средбата со Шекеринска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *