Трета министерка конференција за животна средина и климатска акција во Западен Балкан

Трета министерска конференција за животна средина и климатска акција во Западен Балкан, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Советот за регионална соработка (RCC) и Министерството за животна средина и просторно планирање на Р. Македонија.

Конференцијата е најавено дека ќе ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, а воведни обраќања ќе имаат и генералниот секретар на RCC, Горан Свилановиќ, раководителот за меѓународна соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Никола Бертолини и директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач.

На Конференцијата ќе учествува и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, а се очекува присуство на ресорни министри од регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *