До Собранието поднесена информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата „За подобра Македонија“ денеска во Собранието на Република Македонија поднесоа Информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија.

Загадувањето на воздухот во Република Македонија како никогаш досега руши рекорди. Благодарение на актуелната власт, Република Македонија и официјално стана држава со најзагаден воздух во Европа.

Оваа власт на чело со СДСМ и нивните функционери кога беа во опозиција ветуваа дека ќе го решат проблемот со загадувањето низ низа мерки и проекти. Но, излажаа. Не само што не го подобрија квалитетот на воздух, туку напротив загадувањето на воздухот руши рекорди. Очигледно е дека СДСМ загадувањето го користеше само за политички поени и дека во ниту еден момент не помислија да се прават со оваа ситуација.

Ситуацијата со енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија е алармантна. Здравјето на граѓаните се доведува во прашање.

Загрижувачки се податоците на Европската агенција за животна средина која во последниот европски извештај за квалитетот на воздухот, истакнува дека повеќе од 3000 лица во Македонија годишно умираат како резултат на загадениот воздух. Во истиот тој извештај Македонија е прогласена за земја со најзагаден воздух и е во врвот по бројот на смртни случаи по глава на жител.

Уште поскандалозно е и што власта покрај тоа што ништо не прави за да го реши проблемот со загадувањето, пробува преку исклучување на мерните станици низ државата истото да го сокрие од граѓаните.

СДСМ мора барем еднаш да понесе одговорност и барем еднаш да покаже дека искрено се грижи за граѓаните бидејќи сега се власт и можат да реализираат се што ветуваа за подобрување на воздухот, а не да се молат да дувне ветар или да заврне дожд за да го тргне смогот што граѓаните секојдневно го дишат.

Ситуацијата со воздухот е повеќе од сериозна и треба да се реагира.

Ние како пратеници во Собранието избрани од граѓаните, имаме обврска да алармираме за ваквата состојба и да го заштитиме здравјето на граѓаните. Со таа цел денеска во ја поднесуваме оваа Информација за енормното загадување на амбиентниот воздух.

Покрај оваа инофрмација, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат да се одржи и јавна распава во Комисијата за транспорт, врски и екологија во врска со енормното загадување, каде што ќе бидат повикани, граѓански здруженија, еколошки здруженија, експерти и сите останати кои што можат да допринесат за да се спречи влошување на состојбата.

Се надеваме дека на овој начин заедно ќе донесеме одредени заклучоци преку кои ќе допринесеме за намалувањето на загадувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *