Учество на Комисијата за култура на меѓупарламентарен состанок во Европарламентот

Претседателката на собраниската Комисија за култура Ирена Стефоска денеска и утре ќе учествува на меѓупарламентарен комисиски состанок на тема „Европско културно наследство“ во Европскиот парламент во Брисел.

По повод 2018. – која е Европска година на културното наследство, Комисијата за култура и едукација при Европскиот парламент ги повика националните парламенти на земјите членки и земјите кандидати на Европската Унија да учествуваат на заеднички меѓупарламентарен комисиски состанок. Претставниците на националните парламенти ќе имаат можност за заедничка дискусија во насока на понатамошно унапредување на културното наследство на европско и национално ниво.

Програмата ќе се одвива во три работни сесии на теми: „Култура и идентитет“, „Заштита, конзервација и реставрација на културното наследство“ и „Културното наследство и образованието“, при што со пленарна сесија ќе се заклучи дводневната работа на меѓупарламентарниот комисиски состанок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *