За Александар Македонски – истражувањата на Стив Пљакас и Проф. Мајкл А. Димитри на Хималаите – 3 дел

БИЗНИСМЕНОТ СТИВ ПЉАКАС И ПРОФ. МАЈКЛ А. ДИМИТРИ ПО ТРАГИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ДО ХИМАЛАИТЕ (ДЕЛ III)

Стив Пљакас рече дека едно утро отишле да го посетат Мир од Ханза. Средбата била закажана околу девет и пол часот. Мир од Ханза бил вистински господин, кој е и богат. Му кажале дека се Македонци, а тој им рекол дека е потомок на Александар Македонски. Имале двочасовна средба, на која.разговарале за многу работи, вклучувајќи ги и муслиманите во Македонија

Продолживме кон Ханза, минувајќи низ големиот планински масив Хундукуш. Дојдовме до една тврдина стара околу 300-400 години, наречена Машошж. Овде се сретнавме со сопственикот на имотот кој бил принц, пред Пакистан да му ја одземе титулата. Разговаравме за религијата, а најмногу за Александар Македонски.

Тој ми рече дека секое момче кога ќе порасне сака да биде мудро и силно како Александар, за кого учат и на училиште. Притоа ни потенцира дека тој се чувствува како потомок на Александар од Македонија. глемиот воин кој ги освои Атина, Египет, Персија, Авганистан, Пакистан и Индија.

По четири испиени шолји планински чај, се вративме во нашиот шатор за да преспиеме. Следното утро видов дека едниот чевел ми беше каснат од кучињата. За појадок имавме кајгана и чај. Повторно заминавме на пат движејќи се со најголема брзина од десет километри на час.

Се движевме низ планинскиот масив Хидукуш, каде од двете страни на планината тече реката Гилгит. Првото запирање беше кај еден хотел на патот кон Гилги,. кој се состоеше од три шатори, еден за персоналот, а два за гостите. „Бањата“ се наоѓаше на реката. За ручек, добивме две рипчиња, леб пита, супа од пченка и чај.

По неколкучасовно возење, запревме покрај реката за да се измиеме. Водата беше толку студена што по десетминутно бањање ќе бидеш мртов. Продолживме да се движиме со 10-20 километри на час до следното запирање. Долж патот наидовме на момчиња кои ловеа риба, и од нив. купивме 10 рипчиња.

Најпосле, најдовме место каде што ќе преспиеме, тоа беше една кабина во која, се разбира, немаше вода. Возачот ја подготви рибата и неколкуте краставици и патлиџани што ги купивме, а залеавме со планински чај. Додека пишував белешки, три момчиња ме набљудуваа и се прашуваа што правиме во нивната земја, меѓутоа следното утро ние моравме да го продолжиме патот.

pljakas3-2
Село во Хинду Куш

Повторно сме на патот. Сега планината Хинду Куш ја заменува Каракорам. Глетката, како и обично, е величествена, а за да одмориме малку влеговме во крчмата „Чинар“. Со задоволство нарачавме пиво во конзерви, кое беше студено и мошно вкусно и не содржеше ниту еден процент алкохол што не нè разочара.

Следното утро патувавме кон градот Каримабад. Како што е познато, Гилгит се наоѓа во долината Ханза. Долж патот запревме за да купиме кајсии, црници  и уште нешто, и  пристигнавме во селото Елтит. Тука најдовме соба во хотелот „Кишар” кој беше вистинско место за медитација, со двор целиот обраснат со винова лоза. Во далечината е планината Ракопоши, чиј врв е прекриен со снег, така што бевме сведоци и на една лавина. Инаку, насекаде околу нас глетката беше прекрасна .

Истиот ден ја посетивме тврдината Форт Алтит. Кога влеговме во неа ги видовме резбите на цветот здравец и на изгрејсонцето. По посетата на тврдината, отидовме да купиме сувенири, вистински антиквитети и резби.

Следонот утро отидовме да го посетиме Мир од Ханза. Средбата беше закажана околу девет и пол часот. Тој е вистински господин, кој е и богат. Му кажавме дека сме Македонци, а тој ни рече дека е потомок на Александар Македонски. Имавме двочасовна средба, на која.разговаравме за многу работи, вклучувајќи ги и муслиманите во Македонија.

Тој не знаел дека има муслимани во Европа. Му ги дадов подароците што ги понесов. Имам обичај да подарувам на луѓе кои кај мене предизвикуваат интерес. Нему му се допадна македонското знаме. Ни рече дека ќе направи сè што е во негова моќ знамето да стане и знаме на Ханза.

pljakas4-3

Бидејќи многу се интересираше за нашата земја нè праша што извезува Македонија. Му одговорив дека извезуваме тутун, чевли, облека, мармалад и вино. Тој посака да воспостави поблиски врски со нас и со нашата република. Во меѓувреме, побара да му испратиме што и да е што може да го изложи во своите хотели. На разделбата, ни препорача да преноќиме во мотелот на неговиот брат, бидејќи таму има и музеј.

И повторно најдовме древни сувенири, предмети украсени со цветот здравец, знамето и предмети со уметничка изработка.  Лицето вработено во музејот нѝ рече дека еден камен потекнува од времето на Александар Македонски. Додека го држев тој камен во рацете бев мошне возбуден.

Следниот ден минувавме низ планинскиот масив Каракорум, а потоа крај реката Гилигит која се влева во реката Ханза. Патот кој го нарекуваат „Патот во рајот“ е мошне живописен и опасен со одрони од камења и кал. Најпосле, стигнавме во Кина. Надморската височина изнесува околу 5.200 метри (17.000 стапки) и во таков предел на планините човек не може брзо да се движи. Се обидов да побрзам, но почувствував вртоглавица и сфатив дека воздухот е многу редок.

Сретнавме некои кинески туристи и, се разбира, им кажавме дека ние сме Македонци од земјата на Александар Македонски. Сега веќе не нè изненадуваше кога ќе слушнеме дека секој знае за Александар Македонски. Кога заминавме за Гилгит, запревме за да купиме свила за фустани и кошули. Потоа застанавме покрај една прекрасна река со тиркизна боја, тука купивме риба која ни ја подготви едно момче.

pljakas4-4
Носија од Хинду Куш

Следниот ден возачот нè однесе во неговиот дом. Куќата сместена во планина се состоеше од една соба, нечист под, кокошки кои беа сместени под креветот, а следната соба беше шталата во која имаше еден вол, еден бивол и две телиња. Имаше три женски и две машки деца. Неговата жена и мајка му подготвија вечера за нас, која се состоеше од пржено месо, јогурт и чај.

Инат, возачот, сакаше да преспиеме во неговиот дом, меѓутоа, во куќата немаше место. Доколку ние останевме, тој ќе спиеше во шталата. Затоа, решивме да заминеме во најблискиот град Балакосе. Таму се сместивме во хотел, се истуширавме и за последен пат ја исправме облеката во кофа. Наредниот ден ќе биде наш последен ден во Пакистан.

Заминавме во градот Тахила кој има богата историја. Тука е лоциран манастирот со многу податоци за Македонија што претставуваше извонредно откритие за нас. Насекаде каде што ќе погледневме се среќававме со историјата на Александар Македонски. Во продавницата за сувенири на сопственикот му го подаривме македонското знаме, и отпрвин тој не веруваше, меѓутоа, кога го отвори атласот со сите земји во светот, таму ја виде и Македонија со своето знаме.

Александар минал околу седум илјади милји за да ја промовира македонската култура со својот потфат. Ние патувавме само  во еден дел од долгата траса на воинот следејќи ги неговите траги. Замислете си уште колку непознати факти се поврзани со македонските корени што останува да ги пронајдеме, завршува Стив Пљакас во својата репортажа за Македонците на Хималаите и за трагите на Александар Македонски.

Продолжува

slave-katin-44
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *