Македонскиот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески вечер ќе биде премиерно прикажан на меѓународниот филмски фестивал „Црни ноќи“ во Талин, Естонија.
Филмот ќе се натпреварува во категоријата дебитантски филмови.
Ова е прво учество на македонски филм на престижниот филмски фестивал.
Освен во Талин, „Исцелител“ е селектиран на уште еден филмски фестивал од „А категорија“, интернационалниот филмски фестивал во Индија – Гоа.
Интернационалниот филмски фестивал на Талин е основан 1997 година и е еден од најзначајните во Европа. Тој е еден од петнаесетте светски водечки фестивали акредитиран во „А“ категорија заедно со Берлин, Кан, Венеција, Токио,… Се прикажуваат повеќе од 250 филмови, кои доаѓаат од над 70 различни земји. Лани фестивалот имал 80.000 посетители.