Средномакедонски кирилски ракопис се чува во Русија

Македонски кирилски ракопис од средниот век, богатство на Македонците од Албанија, се чува во Русија.

– Орбелскиот или Ербелскиот триод претставува средномакедонски кирилски ракопис кој потекнува од втората половина на XIII век и  има 241+4 пергаментни листови. Ги содржи двата дела на триодот, посниот и цветниот, како и пирамии и делови на уставот, вели Никола Ѓурѓај, уредник на весникот „Илинден“, еднствен македонски весник во Албанија.

Во ракописот се спомнуваат и имињата на Светите браќа Кирил и Методиј, како и имињата на преподобните пустиножители Јован Рилски, Јоаким Осоговски и Прохор Пчински.

– Името го носи според селото Орбеле(Ербеле), Маќелара денес во Албанија, каде што е пронајден. Селото порано преставувало голем црковен центар. Триодот потекнува од Охридската книжевна школа. Текстот покажува жанровско единство со химнографските делови во минеите и во октоисите, додава Ѓурѓај, нагласувајќи дека оваа информација ја добиле од нивните руски пријатели.

Средномакедонскиот кирилски ракопис се чува во Националната библиотека во Сант Петербург, Русија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *