Мисијата на ММФ во ССК на годишна консултација

Владеењето на правото и сивата економија беа во фокусот на разговорите на претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска и шефот на Мисијата на ММФ за Македонија.

Средбата во ССК беше дел од редовните консултации со Мисијата на ММФ, предводена од Рахман, која е во посета на Македонија од 8 до 16 ноември за спроведување на годишниот преглед на македонската економија.

Како што информира ССК, се дискутирало за предизвиците на приватниот сектор и деловниот амбиент во земјата. Арсовска ја истакнала важноста од спроведувањето на структурните економски реформи, како и од овозможување предвидлв бизнис амбиент за бизнисот да ги креира повеќегодишните планови и да не се воздржува од инвестиции.

-Се додека нема национален консензус дека економските реформи треба да се приоритет, не можеме да очекуваме каков било напредок. Структурните економски реформи треба да се зацртани како идна сигурна стратегија, која без отстапка ќе се имплементира во следните години. Предвидливоста во овој момент ни е најголем проблем бидејќи брзите промени на легислатиата треба да се пракса на минатото“, истакна Арсовска.

ССК остварува редовни консултации со мисијата на ММФ. Во јуни годинава Арсовска оствари средба со Рахман, во Скопје на која меѓу другото се дискутираше и за минималната плата и реформите за покачување на животниот стандард.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *