На 22 и 23 ноември во Солун, четврти министерски состанок на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија

Следниот четврток и петок, на 22 и 23 ноември во Солун ќе се одржи нова квадрилатерална средба на министрите за надворешни работи на Македонија, Бугарија, Албанија и домаќинот Грција која ќе ја претставува алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова ќе биде четврти министерски состанок, а се очекува да се разгледаат теми поврзани со регионалната соработка во повеќе области.

Првиот ваков состанок беше во април 2016, а последен пат шефовите на дипломатиите на четирите земји во Солун се сретнаа во мај годинава. На квадрилатералната средба, освен министрите за надворешни работи, учествуваат и министри или надлежните од Министерствата за внатрешни работи од четирите земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *