Писмена реакција за барањата на Катерина Папакоста

Почитувани,

 

Грчкиот Премиер, Алексис Ципрас подгрева лажен оптимизам. Договорот Заев – Ципрас е речиси невозможно да се ратификува во Грчкиот Парламент. Во петокот, Никос Коsијас соопшти дека според него дел од амандманите предложени од немакедонската Влада не се во согласност со договореното. Панос Каменос не сака да чуе за решение на спорот за името, со Македонија во него и се заканува со туркање на владата пред евентуалната ратификација на договорот. Идниот Грчки Премиер Кирјакос Мицотакис упорно повторува дека „Нова Демократија“ нема да гласа ниту во овој, ниту во идниот парламентарен состав за ратификација на договорот. Капак на се’ е барањето на заменик министерката за цивилна заштита на Грција и претседателка на партијата „НЕО“, Катерина Папакоста која ги повикува политичките партиии да се обединат во уцената да се добие гаранција дека Договорот Заев – Ципрас признава само државјанство, а не постоење Македонски народ.

 

НЕКА ИЗЛЕЗЕ ЦИПРАС И НЕКА КАЖЕ СО КОИ ПРАТЕНИЦИ ЌЕ ГО РАТИФИКУВА ДОГОВОРОТ! ОФИЦИЈАЛНА АТИНА ИГРА ВАЛКАНО! ЈА ЛАЖЕ МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ДЕКА ИМА МНОЗИНСТВО ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ, ЗА ДА ГО ДРЖИ ПРИТИСОКОТ ВО МАКЕДОНСКИОТ ДВОР!

 

Македонската Алијанса ги повикува пратениците да се отрезнат и да престанат да одат спротивно од народната воља. Македонските пратеници не смеат да дозволат официјална Атина повторно да не влече за нос!  Немакедонската Влада дрско лаже дека нивното велепредавство го заштитува Македонскиот национален идентитет! Зарем Македонските пратеници ќе продолжат да се жртвуваат за кариерите на тројца предавници кои заради лични интереси се нафатија да го обезличат сопствениот народ? Секојдневно се потврдува дека нивниот кукавичлак е направен без  никакви гаранции дека тоа е рецептот за експресен влез во ЕУ и НАТО Алијансата!

 

НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ УШТЕ ЕДНО ОГРОМНО ПОНИЖУВАЊЕ НА ТАТКОВИНАТА! ГРЦИЈА Е ОСУДЕНА ЗЕМЈА ЗОШТО НЕ ЈА ПОЧИТУВАШЕ ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА! ИСТОРИЈАТА Е НАЈГОЛЕМ УЧИТЕЛ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

 

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *