Александар Македонски воздигант до степен на божество во Египет

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВОЗДИГНАТ НА СТЕПЕН НА БОЖЕСТВО ВО ЕГИПЕТ

****************

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално кралските титули, како и неговите персиски и египетски претходници. Од петте титули вообичаени од средината на третото столетие пред нашата ера што му беа доделени на Александар Македонски, првата, четвртата и петтата се дознаваат од надписи. Како “Хорус” I, тој беше наречен “силниот принц”, со додаток “оној што става рака на земјите на туѓинците”, или “заштитник на Египет”.

Како “крал на Горен Египет и крал на Долен Египет (IV), беше наречен “Саканиот од Амон и избришаниот од Ра”, и на крајот како “син на Ра” (V), тој беше наречен и “Александрос”. Овде Хорус титулата “оној што стана рака на земјите на туѓинците” изгледа била измислена само за Александар Македонски, додека другите титули биле доделувани пред неговото време. Овие титули докажуваат две работи за Александар Македонски: неговата посебна сувереност над Египет и неговото посебно воздигнување на степен на божество.

Веројатно новата титула Хорус ја покажуваше неговата моќ надвор од Египет или според египетските поими на неговиот суверенитет распространет по целиот свет. Меѓутоа, нагласката лежи во титулата “крал на Горен и Долен Египет” со која тој е посебно означен како крал на египетската држава. Овој натпис кажува дека Александар Македонски го прифати престолот што му беше понуден од свештениците, веројатно од највисокиот свештеник на Мемфис.

Неговото целосно однесување во Египет, меѓутоа, треба да се опсудува од оваа гледна точка. Според тоа, за Египќаните Александар Македонски беше нивни специјален крал, кој лично го обедини и го приклучи Египет кон своето кралство, како што Карло Велики ги донесе Ломбардите во својата империја, со тоа што стана нивни крал. Пред тоа, ниту во Лидија ниту на кое било друго место не сакаше да има посебна позиција, а подоцна ќе се види дека тоа ќе се случи само еднаш и тоа во Вавилон.

Кон овие две држави на древната цивилизација – Египет и Вавилон,, на Нил и Еуфрат, кои многу  столетија беа духовни водачи на Исток, се’ имаше посебен однос во империјата на Александар Македонски. Тие беа со прастари традиции, па затоа и бараа таков однос.

Од најстари времиња божеството било поврзано со египетскиот суверенитет, бидејќи фараонот бил сметан како инкарнација на најголемиот Бог. Гореспоменатите титули на божество доделени на Александар Македонски беа изразени во три ранга: како Хоруз беше Бог, како син на Ра беше син на Господ, титула што се употребуваше од петтата династија дотогаш, означувајќи дека оној што ја имаа таа титула е роден од Ра со мајката кралица; најпосле, тој беше миленик на боговите, како “сакан од Амон”, избран од Ра, двете фрази кои веќе беа прифатени од поранешните кралеви.

Во тоа време Египет беше единствената земја на Исток во која монархијата и божеството беа неразделни, а со тоа на народ од околу седум милиони, Александар Македонски беше оној што ги доби божјите почести. Но, за Александар Македонски ова египетско прогласување за божество имаше чисто локално значење; надвор од Египет тоа немаше никакви ефекти.

Потврдено е дека Александар Македонски им принесе жртви на другите богови како и на Апис, кој не беше бог туку свето животно, припаѓајќи кон култниот Птах. Не се знае дали тоа го направи пред или по преземањето на државата на фараоните. Можеби принесувањето на жртви на Апис беше прво кралско принесување на жртва следното со неговото востоличување во храмот на Птах.

Принесувањето на жртва на Апис беше врзано со тоа што тој сакаше да остави силен впечаток кај Египќаните. Ништо повеќе не го раздразни отколку убивањето на бикот при жртвувањето, ниту Камбис, а потоа ниту Окус. Од поодамна култот на Апис немаше само локален карактер, туку беше еден од оние што се прославуваше речиси на секаде. За преземањето на овој чекор Александар Македонски, меѓутоа, имаше политичка цел од поставување на себеси во опозиција на неморалните Персијци.

Скудни и случајни се египетските информации од времето на Александар Македонски, но има доказ дека тој ги изврши своите религиозни обврски во земјата на фараоните. Тој нареди да се обноват светите места во храмот на Тутмес Трети во Карнак и во храмот на Аменхотеп Трети во Луксор.

Меѓутоа, Александар Македонски не дојде во Египет да ја прошири само египетската култура, туку неговата желба овде, како и во претходно освоените земји, беше да го трасира патот на античката грчка култура. Египет не беше непознат на античката грчка култура. Египет не беше непозната земја за античките Грци. Уште од седмиот век бројни антички Грци работеле како трговци кај египетските владари, а некои од нив и се населија во земјата.

Од владеењето на Псаметик Први во канопската притока во делтата на Нил, имаше вистински антички Грчки полис, Наукрат (откриен во близина на сегашниот Небирех), во кој особено по реорганизирањето на кралството од Амас, беше концентрирана нивната трговија. Дури и во главниот град Мемфис имаше античка заедница, таканаречена Елиномемфити, потомци на оние јонски наемници што му помогнаа на Псаметих да ја основа својата династија.

Додека наукратите законски беа спречени да се женат се девојки од местото и ја задржаа чистотата на својата раса, во заедницата на Мемфис, каде што забраната не постоеше, имаше многу мешани бракови.

Затоа таму, како и во Наукрат, дојденците беа обединети во еден “Елинион” заради обичното античко грчко богослужение и живеење. Има докази во врска со нивниот културен живот, а тоа се два стари папируси кои се од времето на Александар Македонски. Едниот “Персеј” од поетот и музичарот Тимотеј, сведочи за култивирањето на античката литература, додека “Клетвата на Артенисија” пред Осерап, богот на Серапеим, ја открива врската на античката грчка и египетска култура.

Колку се радуваа овие Елиномемфити кога Александар Македонски влезе во градот! Тие, веројатно, се надеваа дека започна новата ера на културата во Египет. Тие малку се разочараа во своите надежи, како и Египќаните во своите. Александар Македонски знаеше точно како да ги задоволи Египќаните, особено нивните религиозни потреби и да го прошири античкото грчко влијание во Египет. Во ова прво влегување во Мемфис тој ја изрази оваа двојна програма на симболичен начин: по принесувањето жртва на Апис, во центарот на Египет,  прв пат по изградбата на пирамидите, тој одржа натпреварување во гмнастика и музика, на кои беа повикани најславните уметници од Античка Грција.

Се верува, дека Александар Македонски сакаше да ги воведе античките игри во култот на египетските богови, па дури и со принесувањето жртва на Апис; на тој начин свечено започна спојувањето на двете различни цивилизации. Неговата цел не беше да ја измеша античката елинска и египетска култура. Напротив,  до египетскиот култ ги смести игрите како нешто различно по својот вид и како чисто античко грчки, со цел да ја афирмира својата програма уште од самиот почеток: без предрасуди кон египетскиот култ, античкиот начин на живеење, гимнастика, уметност и литература во чест на античките богови треба во иднина да имаат дом и во Египет.

Најголемиот придонес на Александар Македонски при вклучувањето на Египет кон античкиот свет беше основањето на градот Александрија. При крајот на 332 годна и во почетокот на 331, тој тргна од Мемфис во придружба само  на мали воени единици, лесно вооружени хипаспити, стрелци со лак и стрела, Аргијанци и кралски следбеници. Одејќи понадолу од западниот ракав на Нил се до Каноп, тој сврте лево и на линијата помеѓу островското езеро Марот и островот Фар, основа град кому му го даде своето име.

Тоа беше прво основање што Александар го направи на овој поход, бидејќи претпоставката дека тој претходно ја основа Александрија кај Ис (Александрета), е прашање за расправа. Откако  длабоко навлезе во Азија, Александар формира поголем број нови градови. Основањето на град на египетскиот морски брег не беше бесцелно. Тешко е да се каже дека беше од воен карактер, бидејќи за да го контролира Египет, единиците не требаше да се концентрирани на брегот, туку во Мемфис или близу до него.

 

 

ПРОДОЛЖУВА

 

 

Александар Македонски во Египет –

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *