За Александар Македонски и битката кај Тир – понудата на Дариј на својата ќерка и 10.000 таланти

 

БИТКАТА КАЈ ТИР И ПОНУДАТА НА ДАРИЈ НА СВОЈАТА ЌЕРКА И 10.000 ТАЛАНТИ

**********************

 

Надежите за лесна опсада на Тир не се остварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување. Со завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен sид. Меѓутоа, бродовите кои беа вооружени со опсадна техника по неколку напади најпосле успеаја да го пробијат јужниот sид, со што го направија градот отворен за напад.

Во истовреме флотите напредуваа во пристаништата. На кратката и крвава борба, градот беше во рацете на Александар Македонски. Им беше дозволено да останат само на оние што заедно со кралот Аземилк и картагенските амбасадори се засолнија во храмот Мелкарт. Околу 8.000 Тирјанци загинаа, а околу 30.000 беа продадени како робови според обичаите во античкото грчко војување. Градот беше зачуван и повторно населен и ставен под античка македонска команда за да стане главна тврдина на македонската моќ  на морскиот брег.

Александар Македонски сега можеше да му принесе жртва на Херакле. Таа церемонија беше проследена со свечена парада на војската под цела опрема како во Ефес. Но, во оваа пригода и персоналот на флотата се придружи кон парадата, а гимнастички натпревари и трка со факели беа одржани во заградениот простор на храмот. Техниката што направи пробив му беше посветена на Господ и на храмот.

Тир падна во авуст 332 година. Населението, кое го зачува ветувањето да не се предава заслужува восхитување и симпатија. Но и победникот исто така заслужуваше восхитување. Александар Македонски беше седум месеци пред градот. Не го напушти градот се додека не зеде се’ што сметаше дека е навистина вредно.

Додека Александар Македонски вршеше опсада на Тир, второто и последно писмо му пристигна од Дариј во кое, покрај големиот откуп за своето семејство (10.000 таланти), ја нудеше раката на својата ќерка, предлагаше договор за пријателство и сојуз, како и предавање на империјата западно од Еуфрат.

Александар III Македонски

Тоа беше фатален момент за древниот свет. Ако Александар Македонски се задоволеше со оваа Империја до Еуфрат, целата наредна разврска на древната цивилизација ќе беше поинаква. Подоцнешните ефекти од неговата одлука, навистина, се раширија низ средниот век, па се’ до наше време и на Исток и на Запад. Тоа беше фатален момент за древниот свет.

Само по себе беше јасно дека Александар Македонски, кој уште кај Ис ја доби целата азискоатичка империја, нема да го одбие проширувањето на империјата.Изворите пренесуваат дека во советот на кралските следбеници, до кои Александар доставил писмо, Пармениот рекол дека ако е тој на местото на Александар би бил задоволен со тоа што го постигнал и би ја завршил војната, на што Александар Македонски одговорил: “И јас така ќе постапев ако бев Парменион”.

Има многу длабоко значение во кажанова анегдота. Се поставени две различни генерации: едната олицетворена во стариот генерал, а другата во младиот крал. Притоа би можело генералот да се идентификува со својот господар Филип Македонски, бидејќи во тоа лежи контрастот меѓу политиката на Филип Македонски и Александар Македонски.

Со сигурност може да се тврди дека ако некогаш Филип Македонски беше напредувал толку многу, сигурно би ја прифатил понудата за границата до Еуфрат. Филип Македонски за секогаш остана Македонец, а тоа ќе го стореше и доколку приклучеше делови од Персиската кон својата Македонска империја.

Александар Македонски, кој веќе се чувствуваше како “крал на Азија”, беше во тек на развојот кој веќе ги надминуваше античките македонски интереси. За античкиот македонски човек ограничената политика на Филип Македонски без сомнение, би била подобра.

Никој не би можел да претпостави дека со ограничувањето на државата до Еуфрат, античката грчка култура би се ширела на Блискиот Исток на поинтензивен и перманент начин. Меѓутоа, без тоа не ќе имаше толку светска широка култура, чии траги можат да се најдат до Индија, па дури и до Кина.

Исто така, дали една јака персиска сила зад Еуфрат не би била постојана опасност за елинизираните на Блискиот Исток? Тешко е да се каже што можеше да се случи наспроти она што всушност се случи. Како и да е, овде може појасно да се согледа колкав беше решавачкиот ефект на желбата на Александар Македонски во сегашната историја на светот.

Кога Александар Македонски настапи од Тир кон југ,  наиде на отпор само на едно место, од стариот филистински Фад во Газа, последниот голем крајбрежен град пред египетската граница, цврста тврдина на едно возвишение, што беше храбро и умно бранета од евнухот Бат со помош на набатаенските наемници.

Се’ додека тешката опсадна техника не беше донесена од Тир и сместена на еден од вештачките бедеми и се’ додека не беа поткопани sидовите, Александар Македонски цели два месеци не успеа да го заземе градот. Во текот на тој период Александар беше ранет во рамото. Бидејќи во градот немаше повеќе население, дел поради смрт а дел поради ропство, Александар Македонски донесе ново население од соседството и го преобрази градот во  македонска тврдина.

Од Газа, настапи долж брегот и за седум дена втаса до Пелузи, гранична тврдина на Египет, каде се сретна со својата флота. Неопходен дел од  Александровиот стратешки план беше да го покори Египет, пред да навлезе во внатрешноста на Азија. Иако главната опасност, што му се закануваше од персиската флота сега беше отстранета, кралот Агис од Спарта беше се’ уште активен во поттикнувањето на војна против Александар Македонски.

Неокупираниот персиски Египет во неговата заднина би бил собирно место или засолниште за голем број немирни и непријателски елементи. Така пред да дојде Александар, Аминта, синот на Антиок, кој избега од бојното поле кај Ис со оние 8.000 антички грчки наемници, направи напор, иако без успех да се утврди овде.

Египет падна во рацете на Александар Македонски без борба. Намесникот Мазацес му ја предаде тврдината Мемфис со гарнизонот и богатството (800 таланти) а египетскиот народ го поздрави со радост како свој ослободител од персискиот јарем. Повеќе од шеесет години, со разумност користејќи ги предностите на народот во Персиската империја, а со помош на голем број античка грчка наемничка војска и истакнати антички команданти како што беа Чабриј, Агесил и други, Еѓипчаните успееја да ја одржат слободата со своите национални фараони, наспроти персиската власт која започна со Камбис.

Десет години пред тоа Окус повторно го окупира Египет, го истера последниот местен крал Нектанебо Втори и му зададе смртоносен удар на египетскиот народ. Особено тоа се почувствува во нивниот религиозен живот, со воведувањето на новиот персиски закон со кој се дозволи пљачкање на египетските храмови. Оттука доаѓаше омразата спрема персиската власт, а со задоволство и надеж беше примен Александар Македонски. Ни народот не беше разочаран од него. Александар Македонски беше како вистински Елин со својата голема толерантност спрема боговите на туѓите народи со кои се среќаваше.

Многу порано античките Грци започнаа да ги идентификуваат туѓите божества со античките богови. Во древен Египет, особено главните богови на Еѓипќаните, се идентификуваа со античките богови и тоа: Амон со Зевс, Осиро со Дионис, Ис со Димитар, Хор со Аполон итн.

За Александар Македонски беше сосема природно да го покаже длабокото почитување спрема египетските богови, Тоа стана негова обврска и должност. Така, веројатно веднаш по влегувањето во Мемфис, беше признат од египетското свештенство како крал на Египет, а со тоа стекна право да принесе кралска жртва што имаше голема улога во државата.

Овој исклучиво важен настан не е спомнат во историските извори. Но, кажувањата за Алекандар Македонски потврдуваат дека во Мемфис тој беше поставен на престолот во храмот на Птах облечен како крал на Египет. Бидејќи овој извор е сомнителен, мислата на авторот би можела да биде прифатена барем како историска, зашто прифаќањето на кралската функција морало да има основа во некои официјални закони.

Продолжува

 

Александар и Естер, ќерката на Дариј

Битката кај Тир

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *