Владата предводена од Заев со својата безидејна економска политика ја турка државата во дополнителна даночна евазија од која на крајот најголема загуба ќе имаат државата и граѓаните.
Оваа необмислена економска политика за покачување на даноците нема да даде речиси никакви ефекти. Напротив постои сериозна опасност тоа да предизвика штети кои ќе предизвикаат последици по многу основи.
Со прости зборови оваа влада со реформата на даноците донесена избрзано, необмислено и без слух за барањето на стопанствениците и експертите ќе предизвика повеќе зијан отколку ќар.
Наместо граѓаните, а особено посиромашните, од оваа мерка бенефит може да имаат единствено соседни земји кај кои може да се отворат нерезидентни сметки или да ги селат бизнисите, токму оние кои се најзасегнати од покачувањето на даноците. Да потсетиме дека во оваа група на луѓе спаѓаат само 1% од граѓаните, од кои голем дел се млади и просперитетни луѓе кои заедно со бизнисот може да ја напуштат и самите тие државата.
Тоа само покажува дека се води макроекономска политика по принципот купи ден помини, која нема да даде ниту краткорочни, а камо ли долгорочни ефекти. Тој износ на дополнителни прибрани средства од покачените даноци може да биде минорен, а патем оваа власт со своето недомаќинско и неодговорно работење најверојатно ќе го потроши на нови партиски вработувања, тендери од 670 илјади евра за цвеќиња, набавка на нови возила или мебел или пак набавка на лубриканти.
Почитувани, едно е сигурно.
Оваа власт не само што нема слух за експертите и реалното стопанство, нема ниту своја визија и концепт за унапредување на економијата. Наместо да ги засука ракавите и да работи за интересите на граѓаните, стопанството и индустријата, таа прави само популистички чекори кои нема да донесат раст на економијата, нема да донесат нови работни места, и нема да донесат раст на индустриското производство, нови стопански капацитети, а најмалку нема да има подобрување на состојбата на сиромашните граѓани кои на бројка се над 450.000.
За крај, би сакал да порачам дека ние како ВМРО-ДПМНЕ предупредувавме и за акцизата дека ќе има лош ефект по државата и граѓаните, но тогаш СДСМ не не послуша. Сега повторно ја прават истата грешка.