„Витаминка“ на саемот „Интерфуд & Дринк“ во Софија

„Витаминка“ се претставува на 17. „ Интерфуд & Дринк“ – најголем саем за прехранбена индустрија во Бугарија,  кој се одржува од 7 до 10 ноември во Софија.

„Интерфуд & Дринк“  е и меѓу престижните настани во прехранбената индустрија во Југоисточна Европа и нуди одлични можности за преставување, воспоставување контакти и отворање нови деловни можности.

-На овој настан има зголемено меѓународно присуство што овозможува создавање деловни релации, споделување искуство и позитивни бизнис-практики, како и изнаоѓање нови партнери и пазари. На саемот се организираат и дополнителни активности, групни форуми, како и индивидуални состаноци и презентации, соопшти „Витаминка“ – најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија, чии брендови се веќе присутни и познати на бугарскиот пазар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *