Димитров – Мас: Можностите за позитивен исчекор и напредок отворени за Македонија

Европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија, динамичната билатерална соработка меѓу двете земји на политички и на економски план биле теми на кои министерот за надворешни работи Никола Димитров разговарал со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија Хајко Мас.на вториот ден од работната посета на Берлин.

– И во оваа пригода министерот Димитров повторно изрази благодарност за континуираната билатерална поддршка од СР Германија за имплементација на реформските процеси во Република Македонија, како и за значењето на Берлинскиот процес во овој контекст. Зборувајќи за домашната политичка ситуација, Димитров нагласи дека и покрај предизвиците, можностите за позитивен исчекор и напредок се отворени за Република Македонија, соопшти МНР.

Шефот на германската дипломатија Мас изрази задоволство од севкупниот напредок  во Република Македонија, како и од текот на имплементацијата на Договорот од Преспа, укажувајќи на важноста од заокружување на овој процес, што е предуслов за европските и евроатлантските интеграции на земјата.

За време на работната посета на Берлин, како што информира МНР,  министерот Никола Димитров во интервјуа за „Велт“ и „Тагесшпигел“, покрај прашањата за евроинтеграцискиот  процес на Република Македонија и Договорот од Преспа, имал и осврт за улогата на Сојузна Република Германија во Југоисточна Европа.