ПРЕДАВНИЦИТЕ СЕ РАЗОБЛИЧИЈА! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ПРОДОЛЖУВА СО РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА ТАТКОВИНАТА! СЕ ШТО ПРЕДУПРЕДУВАВМЕ, ЗА ЖАЛ СЕ СЛУЧУВА!
Заев, Димитров и Шекеринска ги избришаа одлуките на АСНОМ, со кои пред 75 години се удрија темелите на модерната Македонска државност. Прогласот на АСНОМ, како тогашно соопштение, не може да биде замена за државотворните одлуки кои се донесени на 2-ри август 1944 година. На АСНОМ се воведе Македонскиот јазик за службен јазик, се прогласи Илинден за Македонски народен, Државен празник и се утврдува неприкосновеното право и слобода на Македонскиот народ да создаде независна Македонска Држава. Предавниците прво се откажаа од античкото историско наследство, сега се откажаа и од комитите, војводите, илинденците и партизаните. Ги предадоа нашите браќа и сестри од Егејска и Пиринска Македонија, ја обезличија нацијата и сакаат сржта да му ја отстранат на Македонскиот народ!
Заев, Димитров и Шекеринска со вметнувањето на Охридскиот Рамковен Договор во Преамбулата како конститутивен документ целосно го понижија Македонскиот народ за да ги задоволат хировите на ДУИ и Али Ахмети. Со ова изродите во Преамбулата ги прогласија командната одговорност за водството на ОНА, затворањето на Липковската брана, киднапирањето на цивили од кичевско-тетовскиот регион и малтретирањето на мавровските работници во 2001, за темел на Република Македонија. СРАМ И АРАМ НЕКА ВИ Е! КАКО ЌЕ ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ОЧИ СЕМЕЈСТВАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ КОИ ГИ ПОЛОЖИЈА ЖИВОТИТЕ ЗА ОДБРАНА НА ТАТКОВИНАТА?
Уставните амандмани се скорени по Грчки терк и со нивното евентуално изгласување ќе се смета дека Република Северна Македонија е нова Држава која нема никакви историски корени. Не случајно Грчкиот Претседател, Павлопулос тврди дека Атина не признава Македонска нација, туку само државјанство. По истиот терк за Охридскиот Рамковен Договор, нема да бидеме изненадени ако предавниците не се обидат и Договорот Заев – Ципрас да го прогласат за конститутивен документ.
МАКЕДОНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ МОРА ДА СОБЕРАТ СИЛА И ДА КАЖАТ АМАН ДОСТА Е ОД ПОНИЖУВАЊАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ТАТКОВИНАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РАСПРОДАДЕ ЗА ДА СЕ СПАСАТ ТРОЈЦА ПРЕДАВНИЦИ!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА