Димитров се сртена со новиот амбасадор на Јордан во Македонија

Министерот за надворешни работа, Никола Димитров, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Хашемитското  Кралство Јордан во Република Македонија, Исмаил Иса Исмаил Рифаиекој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување како вонреден и ополномоштен амбасадор во Македонија со седиште во Анкара.

Како што соопшти МНР, на средбата беше искажана подготвеност од двете страни за натамошно унапредување на меѓусебните односи,  за што постојат реални предуслови и можности.

-Посакувајќи му срдечно добредојде и успех во дипломатската мисија, министерот Димитров изрази уверување дека амбасадорот Рифаие, со својот личен ангажман, ќе даде значаен придонес во понатамошниот развој на односите меѓу двете пријателски земји.

Димитров и амбасадорот Рифаие разменија мислења и за одредени надворешно-политички прашања од регионален и глобален интерес, наведуваат од МНР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *