За Александар Македонски и значајните истражувања во Арабија и кај реките Тигар и Еуфрат

ЗНАЧАЈНИТЕ ИСТРАЖУВАЊА ВО АРАБИЈА И КАЈ РЕКИТЕ ТИГАР И ЕУФРАТ

Според Аријан, некој како ексконзулот на Рим, направи приказ кога се слушна од други извори дека Александар Македонски еднаш испратил строг укор до Римјаните поради учество на Антијатите во пиратството на Етрусканците. Александар Македонски ги прими сите тие дипломатски претставници кога планираше војна за освојување на Запад. Притоа, може да се замисли со колку голем интерес ги прими овие луѓе и разговараше со нив, со цел, доколку е можно, да добие повеќе точни информации за нивните земји.

Кога ја префрли реката Тигар и се приближи кон Вавилон, го пресретнаа дипломатските претставници на Калдеанците, кои го предупредија за влегувањето во Вавилон, бидејќи според пророштвото од Мардук тоа за него ќе биде лошо. Александар Македонски имаше причини да се сомнева во лагата на лукавите свештеници.

Тој научи дека тие се покорија од страв и наскро ја игнорираа наредбата што тој им ја издаде во 331 година за да го обноват храмот на Мардук, а кој беше уништен од Ксеркс, бидејќи со завршувањето на работата тие би го загубиле богатиот приход на храмот кој сега одеше во нивните џебови.

Затоа тој го одби нивното предупредување. Но, кога најпосле тие го замолија да влезе во градот од западната страна, а не од источната, имаше желба да се соочи со нив за ова, но наскоро сфати дека влегувањето од западната страна е невозможно. Така, наспроти предупредувањето на свештениците тој влезе во градот од источната страна. Природно, пророштвото предвиде негова смрт веднаш потоа.

Првата работа што Александар Македонски ја направи во Вавилон беше тоа што започна со голем ентузијазам да ја подготвува својата арапска експедиција. Немаше намера да го освои арапското копно, туку само некои делови на морскиот брег или блиските острови, на кои имаше добри пристаништа или беа погодни за стационирањс; сакаше да ги освои со цел да му послужат во натамошните патувања на трговските бродови.

am56-2

Но, најважна цел беше да се пронајде водениот простор околу Арабија, да се открие патот до Црвено Mope и погоре до Херунпол (во близината на Суец) и да се направи морска врска меѓу Вавилон и Александрија Македонски. За оваа експедиција требаше да се собере флота во Вавилон. Океанската флота на Неарх која отплови по реката Еуфрат до Вавилон, го чекаше кралот и беше зголемена со бродови направени од кипарисите на Вавилон.

Исто така, беше наредено да се изградат воени бродови во погодните пристанишни места на феникијските градови. Бидејќи беа разделени на делови можеа да се транспортираат по копно до Тапсак, таму да се составуваат и можеа да се доведат по реката Еуфрат до Вавилон.

Во исто време Александар Македонски нареди да се започне со ископување на големо пристаниште во Вавилон, толку големо, како што вели Аријан, да прими 1.000 воени бродови со својот простор. Ова е само бројка која не го потврдува заклучокот дека Александар Македонски сакаше тогаш или подоцна да собере илјда воени бродови на тоа место.

Огромното пристаниште не се претпоставуваше дека ќе биде само за азиската флота која беше многу помала, туку тоа да биде станица за трговски бродови. Во иднина Александар Македонски сметаше на голема трговија меѓу Индија, Персискиот Залив и Египет, a Вавилон требаше да биде главното место за размена на ваквата источна трговија. Согласно неговите древни традиции, Вавилон прерасна во центар на азискоатичкиот свет.

Погрешно е мислењето дека тој го направи Вавилон постојан главен град на својата целокупна империја. Тоа е вистина само за неговата Азискоатичка империја. Ако неговите планови за Запад се материјализираа, не можеше да владее со својата светска империја од Вавилон. Но поради својата местопложба, Александрија Македонски во Египет беше одлично лоцирана за таа намена, како главен град на западната светска империја.

Bo првиот пример, пред да започне патувањето на флотата, морскиот брег на Арабија требаше да се испита што е можно подлабоко. Александар Македонски претходно испрати брод со триесетина веслачи на чело со Архија од Пела, кој веќе имаше добиено висока позиција во текот на патувањето со Неарх. Меѓутоа, Архија не отиде подалеку од островот Тилос (Бахреинскиот Остров) во Персискиот Залив.

Откако му го предаде својот извештај, Андростен од Тасос беше испратен со иста цел и со сличен објект. И тој изгледа дека не отишол зад Тилос, но донесе вредни испитувања за флората на островот.

Според неговиот опис, пресметано е дека тој бил во зимата (декември-јануари) и дека овие патувања со научна цел беа определени со наредба од Екбатана (325-324). Третиот кој беше пратен на вакво патување беше Хиерон од Солој кој доби наредба да оди околу Арабија до Херунпол. Тој најмалку отиде до Макета, што Неарх го видел од Ормуз.

Но кога виде колку бескрајно се протега морскиот брег, се врати и му изјави на Александар Македонски дека Арабија е изненадувачки голема, не многу помала од Индија. Попусти беа резултатите за синхронизирање на експедицијата на Анаксикрат, кому Александар Македонски му нареди да тргне од спротивната насока и да оди од Херунпол околу Арабија во Персискиот Залив. Тој помина низ Бавел-Мандеб но се врати бидејќи му недостасуваше вода.

am56-3
Влегувањето на Александар Македонски во Вавилон

Сите овие пресметки покажуваат дека Александар Македонски и неговите современици немаа претстава за формата и големината на Арабија. Меѓутоа, и покрај неуспехот тие покажаа колку пасионирано се подготвуваа за големите екпедиции на море. Тој ја натера флотата да врши маневри на реката Еуфрат и понуди венци како награда за најдобрите веслачи и кормилари.

Во тоа време Александар Македонски имаше намера лично да и се при-дружи на флотата, што секако го покажува неговиот личен интерес во патувањата за откривање, но веројатно и затоа што му овозможуваше повторно да се појави на Медитеранот, во Александрија, а потоа да се посвети на своите планови за Запад.

Bo меѓувреме Александар Македонски презеде чекори да ги исполни своите планови за населување на северниот морски брег на Персискиот Залив. Од извештаите на Неарх беше убеден дека со регуларно населување на морскиот брег и на крајбрежните острови, ќе може да создаде „втора Феникија”. За таа цел тој го испрати Микал од Клазомена со 500 таланти во Феникија и Сирија, со цел да стави во воена служба народ од морепловското население, а исто така да купи робови кои ќе можат да се населат на овие простори.

За да ја унапреди источната трговија, во заливот меѓу планините Еулај и реката Тигар, беше изграден градот Александрија Харакс (веројатно во 324 година кога тој го посети овој регион), град кој беше погоден со својата местоположба да стане извозно пристаниште на Вавилон, додека за да ја унапреди пловидбата, веќе ги имаше отстрането персиските брани на реката Тигар.

Над се Александар Македонски сакаше да го зголеми напредокот на целиот Вавилон со изградба на каналска мрежа. Тоа беше дури и од времето на Хамураби најглавна задача останата од природата на владетелите на Вавилон, задача што ги преокупира и денеш-ните инженери, да се регулираат годишните поплави од реките Еуфрат и Тигар со канали и насипи кои треба да станат благослов наместо клетва на земјата. Co целосно разбирање за она што се бараше, Александар Македонски сосема се посвети на таа работа.

Од Вавилон тргна на пат за да го испита каналскиот простор, а даси испита и поправи насипите на каналите на Палакот, со што требаше да се култивира голем дел од пустината за производство. Тој патуваше и по каналите и езерата што се граничат со арапската пустина, и, веројатно, заради заштита од бедуинските Арапи, изгради град што го нарече Александрија, во кој насели антички грчки наемници, доброволци и ветерани.

Кога Александар Македонски се врати од ова патување во Вавилон, го најде Пеуцест, намесникот на Персија, кој имаше донесено 20.000 обучени Персијци за војници Косеанци, Тапуријанци и други способни единици од соседните народи. И од Карија и Либија дојдоа нови единици, а коњичко засилување од Македонија. Доаѓањето на овие нови војнички единици, особено 20.000 Персијци, го натера Александар Македонски да изврши реорганизација во војската.

am56-4
Вавилон

Тоа беше последното што тој го направи или што го започна. Наместо да ги постави македонските и персијските единици една до друга (распоред воведен во Опис, во времето на конфликтот), тој реши во воените единици да изврши вистинско спојување на двата народа што ќе одговара на неговите политички намери. Тоа значеше целосно напуштање на старата античка македонска фаланга.

Секоја помала единица во иднина требаше да се состои од четири антички Македонци, вооружени на македонски начин и дванаесет Персијци, кои беа вооружени или со лак или со копје, а командувањето му беше доверено на еден антички Македонец. Надвор од поврзувањето на двата народа, се правеа напори за комбинација на разни оружја во ист војнички состав.

Во судот за оваа типична практика, како што обично се прави, не смее да не се забележи фактот дека тоа беше со намера само за Азискоатичката империја и може да се објасни само со азискоатичката политика на Александар Македонски.

Во Античка Македонија, секако, старата фаланга требаше да продолжи. Смртта на Александар Македонски наскоро потоа го спречи целосното извршување на оваа необична идеја. Оваа македонско- персиска војска никогаш не стапи во акција. По смртта на Александар Македонски целата политика на спојување беше напуштена, како и војничкиот резултат од тоа.

Бездруго, може да се биде сигурен дека ако оваа нова војска не успееше да се докаже во практиката, Александар Македонски немаше да се колеба да ја замени со друга организација, исто како што ги отстрани персиските намесници кога не се покажаа ефикасни.

Таа пролет мнозина амбасадори од Античка Грција дојдоа во Вавилон. Тие беа испратени таму со разновидни петиции. Мнозина од нив се приближија, му пријдоа на кралот со златни круни на главите, со венци како „Теорои кои дошле да му изразат почит на Господ”, a со тоа потврдуваа дека нивните родни градови ја вовеле неговата апотеоза. Оние амбасадори што мораа да се претставуваат спротивно на декретот за враќање на прогонетите, мораа да се вратат дома незадоволни. Александар Македонски никогаш не правеше отстапки.

Продолжува

katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *