Писмена реакција на прес конференцијата на Елизабета Канческа Милевска

ПРЕДАВСТВОТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ МОЖЕ ДА ГО ОПРАВДАТЕ! НА СИТЕ ИМ СЕ ЈАСНИ ВИСТИНСКИТЕ МОТИВИ ЗА ВАШАТА СОРАБОТКА СО НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! ДОЗВОЛУВАТЕ ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА ДА ВЕ ВЛЕЧАТ ЗА НОС! ЌЕ ВЕ ИСКОРИСТАТ, ИЗМАНИПУЛИРААТ, САМО СРАМОТ ЌЕ ВИ ОСТАНЕ!

Тешка манипулација е да се тврди дека немакедонската Влада прифатила амандман со кој ќе се гарантира Македонскиот национален идентитет. Интервенцијата во членот 49 со формулација дека Републиката го штити, негува и гарантира историското и културно наследство на Македонскиот народ е обична фарса. Ајде што не лажеа дека со Договорот Заев – Ципрас е заштитен Македонскиот национален идентитет, туку одметниците од ВМРО-ДПМНЕ нека го прашаат нивниот нов шеф дали Македонскиот народ ќе може да го користи сонцето од Кутлеш како историско и културно наследство и дали на Македонците од Егејскиот дел ќе им се признаат нивните културни права? Аман, ДОСТА го потценувате Македонскиот народ! Официјална Атина бара да ги ревидираме изворните придобивки од АСНОМ во Преамбулата, пензионираниот амбасадор на СДСМ, Виктор Габер преговара за бришење за нашите историски корени, а вие тука се обидувате да не залажувате дека не сте ги продале душите за бадијала! Срамота!

Уште поголема манипулација е тврдењето дека со вашите предлози Македонија се заштитила ако Грција не го ратификува Договорот Заев – Ципрас. Прво, Грција е осудена земја од Хашкиот Суд заради непочитување на Времената Спогодба и вртење грб на интересите на САД на НАТО Самитот во Букурешт пред 10 години, што упатува на заклучокот дека нема да им биде прв пат да не пренесат жедни преку вода. И да не му се секирате, и во таков случај пак нема на Грција да и фали влакно, зошто е членка на ЕУ и НАТО Алијансата! Второ, ни со вас, ни без вас немакедонската Влада нема гаранции дека велепредавството е формулата за наше експресно евроатланско интегрирање. Нашите меѓународни сојузници до сега кога беа банкротирани не успеаја да ги натераат Грците да не пуштат во НАТО Алијансата со срамната референца ПЈРМ, па од сега ич нема ги присилат. Трето, ако не дај боже на сила се изгласаат амандманите во Македонското Собрание, за да се вратиме во претходна состојба повторно ќе треба да се помине истата процедура со 2/3 мнозинство, ама во меѓувреме сите земји што не признале до сега под Уставното име, ќе ги ревидираат своите одлуки и ќе не нарекуваат Република Северна Македонија! Штетата ќе биде неповратна и нема да може да се надомести. Во таков случај нема спас од понижувањето!

НЕ СЕ ЛАЖЕТЕ СЕБЕСИ И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! АКО ПРОДОЛЖИТЕ ДА НЕ ЈА ЕСАПИТЕ ВОЉАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕМА ОЛЕСНИТЕЛНИ ОКОЛНОСТИ ЗА ВАШИТЕ ГРЕВОВИ! СЕГА ЌЕ ГИ ВИДИТЕ СИТЕ АМАНДМАНИ И ЌЕ СФАТИТЕ КОЛКУ ЌЕ БОЛИ ПРЕДАВСТВОТО НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! ДОАЃА СООЧУВАЊЕТО СО ВИСТИНАТА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *