СДСМ: Очигледна е спрегата меѓу раководството на ВМРО-ДПМНЕ и криминалите на Груевски

Спрегата помеѓу антизападниот Христијан Мицкоски и криминалите на неговиот ментор Никола Груевски излезе на површина.

Јавноста дозна како конзорциоумот во кој удел има антизападниот пион Мицкоски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали од Владата на Груевски, во 2015 година, во време кога му бил негов советник.

Но, спрегата со криминалите на Груевски се проширува и со други членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ вчера не одговори дали лицето Димитар Димовски, дел од сопствениците на „Енерготек“ компанија во која удел има и Хидро Мицкоски, е истиот Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не одговори дали е тоа истиот Димитар Димовски, државен советник во Министерството за транспорт и врски и десна рака на поранешниот министер Миле Јанакиески, кој денес е обвинет во неколку судски процеси.

Од ден на ден станува се поочигледна спрегата помеѓу антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со антинардониот пион Хидро Мицкоски и носителот на криминалите, Никола Груевски.

Затоа Хидро Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се против  ЕУ и НАТО, затоа ги следат погубните политики на Никола Груевски. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *