Демократски сојуз: Национално помирување

Демократскиот сојуз смета дека помирување помеѓу левицата и десницата, како и пошироко национално помирување, треба да се одвива преку Парламентот, со донесување на: “ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ”.

Во декларацијата треба да се нагласат причините и потребата од помирување, стратешки цели за кои не треба конфронтации, туку консензус и единство, како што се унитарниот карактер на државата,територијалниот интегритет, евроатланските интеграции, владеењето на правото, повеќепартискиот систем и слично.

Со декларацијата треба да се предвиди рехабилитација и обесштетување на жртвите на еднопартискиот систем и по него, обнова на монтираните политичко -судски процеси, преиспитување на селективната и неправедна лустрација, неправедната приватизација итн.

Инаку, помирувањето не треба да се меша со идеите за амнестија од кривична одговорност на носители на високи политички и државни функции, а во контекстот на евроинтеграциските процеси и членство во НАТО.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *