Семејното дрво на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

За Ѓорѓија Џорџ Атанасоски – најголемиот инвеститор од македонското иселеништво

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личности од дедо прадедо до денешни дни со семејството на Џорџ, неговиот брат Јосиф и сестра му  Виолета. Инаку, бизнисмени како Јосиф и Џорџ Атанасоски одат чекор пред другите, наместо тие, времето трча по нив и затоа во својата средина имаат статус на „биг-босови“. Синот на Џорџ, Никола, пак,  е вистинска замена во бизнисот. 

Семејството Атанасоски, односно Јосиф и Џорџ се сметаат за едни од најбогатите и најуспешните Македонци во дијаспората. Тајната на нивниот успех не е само во завршената школска наобразба, туку во конструкторскиот ген што му го вградило неговото семејство во прилепско, како последица дека потекнуваат од земја која пред илјада години на светот му дала писменост и култура, кога не постоела Америка.

Прв впечаток од средбите со Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е скромноста која зрачи од неговата личност, педантноста и стилот на човек од бизнисот. Не од оној, на кој сме навикнале кај нас, на Балканот – занаетчискиот, туку светскиот, планетарниот бизнис. Тоа е од една друга галаксија, до која се доаѓа на специфичен начин, со способност за висок менаџмент, за иновации кои отвораат нови простори и шанси за големи пазари.

Таквите луѓе како бизнисменот Атанасоски одат чекор пред другите, наместо тие, времето трча по нив и затоа во својата средина имаат статус на „биг-босови“. Моите средби со Џорџ во САД и во Македонија ги доживеав на начин на кој не те остава рамнодушен, зашто таквите средби се инспиративни и поттикнувачки во откривањето на нивната смисла и суштина. Мајката природа го изделкала неговиот дух до степен кој му овозможил да дојде до израз во било која поразвиена западна цивилизација – вели Славе Катин во своите записи за семејството Атанасоски.

Во разговите Ѓорѓи и Јосиф како сопственици на „Мајкрофлекс инкорпорацијата“ го велат следното: „Наша цел е за нашите клиенти да обезбедиме високо-квалитетни производи, одличен сервис, брза и ефикасна испорака, односно нивно минимално задржување во магацините на фабриката. Воведувањето на иновации и усовршувањето на системот за подигање и транспорт на производите, е исто така, наша перманентна грижа. 

Со еден збор, филозофијата на Компанијата е постојано да го усовршува сервисот, производството и флексибилноста кон клиентите, да одговара брзо на нивните барања, зашто ние постоиме за нив, а не тие за нас. Затоа сензорите на „Мајкрофлекс“ се високо издигнати за да ги фатат на време пораките, предлозите и барањата на нашите ценети потрошувачи“.

dzordz15-2
Семејството на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Исто така, во хотелот „Сонце ГА“ во Прилеп, имав прилика неколку пати да се сретнам со синот на Џорџ, Никола – Џорџ Атанасоски. Тој е синот кој тргнал по стапките на својот татко Џорџ и дошол во Македонија да живее, да се школува и да ги рашири корените на семејството Атанасоски. Овој млад Американец и натурализиран Македонец, покрај англискиот, добро зборува македонски јазик. – вели Катин.

Но, и тој какои татко му е растргнат и живее во двете татковини, во САД и во Република Македонија. Средбите со него беа пријателски, присни како со млад Американец кој се адаптирал на прилепските услови и се чувствува удобно, релаксирано, прилепски како да се родил во Марул. Во разговорите кај него се чувствуваа големата почит и силните емоции кон својот татко – Џорџ.

Така, во последната средба за својот татко, меѓу другото, ми рече:

Како татко и сопруг Џорџ е многу добар. Иако тој е шеф тој, сепак, се враќал дома кајмајка ми, со уље до лактите, по долг ден во фабриката. Тој е шеф кој не се плаши да ги извалка рацете за да се заврши работата. Ми има кажувано многу инспиративни животни приказни и ме научи на многу животни лекции кои ги користам буквално секој ден; се надевам дека еден ден ќе ги следам неговите стапки и ќе бидам исто толку добар човек како што е тој.

Да се овозможи вработување за толку голем број луѓе не само во САД, туку, исто така, и во Македонија, како што прави тој, од несебичната желба за подобрување на Македонија и за благосостојбата на Македонците е навистина инспиративно и јас се обидувам да го имам тоа предвид секој ден – да се обидувам да станам подобра личност. За мене тој е најбрилијантниот човек што некогаш сум го сретнал и тој секогаш е голем татко и има големо влијание врз мене, и мило ми е што сум доволно среќен што тој ми е татко.”

Исто така, младиот Никола ме информира дека неговата мајка Кристина Силвија Атанасоски (родена Нинковиќ) била родена на 6.12.1962 година во градот Чикаго, во државата Илиноис. Завршила гимназија, а потоа се запишала на дршавниот колеџ Дејтона, каде се здобила со струка имотен инвентор и стручњак за развој. Таа денес живее во Ормонд Бич и работи како агент за недвижнини. Се омажила и во брак со Џорџ била 15 години, со кои има три деца – Кристифер, Мајкал и Никола.

Кристофер Атанасоски е роден во Дејтона Бич на 09.10. 1985 година. И тој живее во Ормонд Бич, каде завршил гимназијаи а бил на Колеџот Дејтона и работи во „Мајкрофлекс инкорпорацијата“. Тој обожава да лови и рибари, а се занимава и со развој на телото (бодибилдинг).

Мајкал Атанасовски е роден во Дејтона Бич на 27. 12. 1986 година. Тој како и својот постар брат Кристофер завршил гимназија, запишан е на Државниот колеџ Дејтона, а работи во фабриката „Мајкрофлекс“. Тој е вљубеник во скијање на вода, риболов и е многу добар механичар.

Никола Атанасоски е роден исто така во Дејтона Бич на 25.08.1993 година. Тој завршил основно и гимназија во Дејтона Бич, а првите две години ги завршил во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп. Сега е студент на Државниот колеџ Дејтона. Никола доаѓа со задоволство во летниот период во Прилеп, каде има голем број пријатели и пријателки. Тој се чувствува како да е од Македонија и, како што вели: „Македонија е мојата татковина и мојата љубов“.

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски има и син од првиот брак со Љубица Атанасоска Николиќ, родена во с. Гермијан, Битолско. Тој се вика Дејан и е првиот син од четирите машки чеда на големиот Џорџ. Дејан e роден на 08.10.1974 година во Њујорк, а го завршил своето образование на Универзитетот Ембри Ридл. Тој е женет со Мара, родена Миланоска, на 21 август, 1974 г. со која има две деца, Александра и Филип, а со другата жена Луана има син Антони, роден 1994 година. И тој како и своите браќа работи во фабриката на својот татко Џорџ – Мајкрофлекс инкорпорацијата.

dzordz15-3
Џорџ, Виолета и Јосиф

Брат му Јосиф Атанасовски е роден на 14.09.1948 година во Марул и е прво дете на Алексо и Спасија Танасоски, како што ги викале во селото. Учел во Марул и Прилеп, за потоа, на 21 март 1967 година, патиштата да го однесат во САД. Јосиф во САД се оженил со Елен, со која има две деца: Џон роден на 23.02 1975 и Кристина родена на 08.01.1991 година. Џон е оженет со Мишел. Денес Јосиф како пензионер среќно живее со Сузана Петковска.

Сестра му Виолета Атанасоска – Макормак, пак, e родена на 19 август, 1956 година, во с. Марул. Таа е доктор по медицински науки – кардиолог и е директор на одделот за кардиологија во здравствениот медицински центар – Бровард во Форт Лаудердел. Таму живее со својот сопруг, Американец по потекло, адвокатот Томас Ф. Макормак кој е роден на 16 мај, 1960 година. Тие имаат две деца Кристи родена на 16 март, 1999 година и синот Томас роден на 3 ноември, 2000 година.

Продолжува

slave-katin-nova2
Пишува; СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *